Каменц
Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) — град во Лужица (источна Саксонија), Германија. Сместен е во округот Бауцен и брои 18.243 жители. Се наоѓа 40 километри североисточно од Дрезден и околу 30 километри северозападно од Бауцен (Будишин).
Каменц/Камјенц
Kamenz/Kamjenc | |
Воздушен поглед на центарот на Каменц | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Бауцен |
Општ. заед. | Каменц-Шентајхен |
Градоначалник | Роланд Данц |
Основни податоци | |
Површина | 53,15 км2 |
Надм. височина | 173 м |
Население | 17.015 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 320 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | KM |
Пошт. бр. | 01917 |
Повик. бр. | 03578 |
Портал | www.kamenz.de |
Местоположба на градот Каменц/Камјенц во рамките на округот Бауцен | |
Координати | 51°16′N 14°6′E / 51.267° СГШ; 14.100° ИГД |
Градот е родно место на познатиот драматург, филозоф и поет Готхолд Ефраим Лесинг (1729-1781).
Историја
уредиКон крајот на XII век на местото на градот е изграден замок за крајпатната стража како обезбедување на древниот пат Вија Регија и реката Шварце Елстер. Ова бил важен трговски пат помеѓу Белгија и Шлеска.
Градот за првпат е споменат во 1225, а во 1319 стекнал управна независност. Во 1346 Каменц и пет други града го склучиле т.н. „Сојуз на шест горнолужички града“ за да се заштитат од пљачкосувањата на околните вооружени чети. Во 1707 голем дел од стариот град е уништен во катастрофален пожар.
Знаменитости
уредиТеатри
уреди- Градски театар (Stadttheater)
- Хутбершка сцена (Hutbergbühne Kamenz, на отворено, со капацитет до 10 000 гледачи)
Музеи
уреди- Музеј на Западна Лужица (Museum der Westlausitz)
- Лесингов музеј (Lessingmuseum)
Објекти
уреди- Градска куќа (изгр. 1848-1849) во неоренесансен италијански стил
- Андреината фонтана (Andreasbrunnen) на пазарниот плоштад
- Црвена кула, Калуѓерски ѕид (Mönchsmauer), Pichschuppen (делови од средновековниот градобран)
- Главна протестантска црква Св. Марија (изгр. 1275-1479 во доцноготски стил)
- соборна црква Св. Ана (1499)
- катехистичка црква (1358)
- споменик на Лесинг (местото кајшто се наоѓала родната куќа на Лесинг)
- Лесингов дом (Lessing-Haus)
Настани
уреди- Трка по планината Хутберг (Blütenlauf auf dem Hutberg)
- Лесингови денови (јануари и февруари)
- Ден на музиката (21 јуни)
- Шумски фестивал (Forstfest) седмицата на 24 август (Св. Апостол Вартоломеј)
- Фестивал на носот (Kamenzer Nasenfest) со т.н. „нос-пазар“ (3 октомври)
- карневал
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)
Надворешни врски
уреди„Каменц“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Музеј на Западна Лужица (германски)
- Лесингов музеј (германски)