Георги Стрезов
Георги Стрезов, роден Георги Јанакиев Стрезов (Охрид, 12 декември 1864 — Софија, 5 октомври 1938) — истакнат македонски политичар од Охрид, историчар, правник и пратеник во бугарското народно собрание.
Георги Стрезов | |
---|---|
Георги Стрезов, Наум Стрезов и нивната мајка | |
Пратеник во бугарското собрание | |
На должноста 9 јуни 1911 – 9 јули 1911 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Георги Јанакиев Стрезов 12 декември, 1864 Охрид, Отоманска Македонија |
Починал(а) | 5 октомври, 1938 Софија, Царство Бугарија |
Установа | Женевски универзитет |
Животопис
уредиРоден е во градот Охрид, тогаш дел од Отоманското Царство. Син е на видниот македонски просветен деец Јанаки Стрезов и братучед на македонскиот преродбеник Кузман Шапкарев. Во 1886 година Стрезов завршува со првиот курс на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу 1887 – 1890 година работи како професор во егзархиското училиште во Битола, а потоа во егзархиското педагошко училиште во градот Сер во 1891 година. Завршува право во Женева, Швајцарија во 1894 година со дисертација на тема „Вмешателството и Балканот“. Последователно работи како член на окружните судски центри во градовите Пловдив, Варна и Софија.
Од 1896 година работи како адвокат во Софија. Во 1898 година го издава неговото дело „Случаи за развод пред епархиските духовни судови“, а истата година е делегат од македонско дружество на Петиот македонски конгрес на Македонскиот комитет.[1][2] Пишува етнографски и историски дела за Македонија и македонскиот народ, особено за Пиринска Македонија.[3][4][5] Во почетокот на 1902 година е кандидат за народен претставник во изборите за XII народно собрание на Бугарија во Трнската избирачка околија.[6]
Во 1911 година е избран за народен претставник во V Велико народно собрание во Бугарија. Меѓу 1912 – 1918 година се занимава со заштита на правата на големата македонска емиграција во Бугарија. Во 1919 година се преселува во Швајцарија, каде што ги пишувал брошурите „Српското разорение“ и „Неизвестната Романија“. Во 1924 година ја издава книгата „Кон север“, книгата била патопис и го документирало неговото патување во Шведска и Норвешка. Се приклучува како член на Македонскиот научен институт.[7] Во 1926 година почнал да работи како адвокат. Издава трудовите „Правата на бугарските малцинства и Општеството на Народите“ (1929), „Македонските емигранти во Швајцарија во Светската војна“ (1931) и „Охрид“ (1938). Умира на 5 октомври 1938 година. После смрт неговите пари биле донирани кај Македонскиот научен институт, таа донација била околу 100.000 бугарски левови.[1]
-
Донација на 1.000 лева од Георги Стрезов кон бугарскиот црвен крст за македонските бегалците од Илинденското востание, 2 февруари 1904 година.
-
Потврда на ЦК на ВМРО до Георги Стрезов за 20.000 лева, 28 јануари 1924 г.
-
Стрѣзовъ, Георги (1938). Охридъ. Градътъ на живитѣ предания (PDF). София.
Надворешни врски
уреди- Стрѣзовъ, Георги (1938). Охридъ. Градътъ на живитѣ предания (PDF). София.
- La Macedoine Orientale, публикувано во Le Globe, Journal Geographique, Geneva, Switzerland, 1892 г.
- Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 810.
- Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 1.
- L'Intervention et la Peninsule Balkanique, Женева, 1893 година
- „Спомени од Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методи“, публикувано во сп. „Училищен преглед“, кн. III, Софија, 1913 година
- „Македонските емигранти во Швајцарија во Светската војна“, Софија, 1931 година
- Les Luttes Politiques des Bulgares Macedoniens, Женева, Швајцарија, 1919 година
- "Охрид", публикувано во сп. "Отечество", кн. 18, год. II, Софија, 26 декември 1915 година
- "Нема! Нема!", публикувано во во-к "Македонија", год. I, бр. 23, Софија, 6 ноември 1926 година
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Илюстрация Илинден, бр.103, стр.5 – 7
- ↑ Билярски, Цочо. Княжество България и македонският въпрос, т.1. Върховен македоно-одрински комитет 1895 – 1905 (Протоколи от конгресите), Българска историческа библиотека, 5, Иврай, София, 2002, стр. 126.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII и XXXVIII, 1891.
- ↑ Попстоилов, Антон. Спомени от Солунската българска мъжка гимназия „Св. Кирил и Методий“, в сп. „Училищен преглед“, кн. 3, ноември 1913, стр. 199 – 206.
- ↑ Спомени на Георги Стрезов в: „Борбите в Македония и Одринско (1878 – 1912). Спомени“, Български писател, София, 1981, стр. 44 – 51.
- ↑ Централен държавен архив, ф. 173К, оп. 2, а.е. 528, л. 38, 40.
- ↑ „Членове-основатели на Македонския научен институт“. Македонски научен институт. Посетено на 10 октомври 2015.