Италијанска книжевност

Во периодот на развојот на народниот (или познат како вулгарен) латински јазик низ вековите (VI до XIII век), италијанската книжевност во Италија е пишувана и понатаму на латински литературен јазик. Дури во XIII век се појавуваат првите песни и проза на локалните дијалекти (умбриски, сицилијански, болоњски и тоскански). Првите поетски школи се со различен карактер: во Умбрија се негува религиозната лирика, на Сицилија трубадурско-лирската поезија, а во Болоња делата со научен карактер, а во Тоскана имаме варијанта на сицилијанската трубадурска лирика со поголема литературна вредност.

Слика на Боециус, учејќи ги неговите ученици (1385). Боециус е христијански филозоф од VI век кој помагал да се зачува класичната традиција во постримска Италија.
Статуа на Петрарка покрај музејот Уфици во Фиренца.

Dolce stil nuovo (сладок нов стил) во ХIV век

уреди

Тосканската школа на dolce stil nuovo („сладок нов стил“), чиј претставник е Гвиничели, присобрала многу поети меѓу кои и Данте Алигиери. Во ХIV век, благодарејќи на значајните дела на Данте во епската поезија („Божествена комедија“), Франческо Петрарка во лирската поезија („Канцониерот“) и Џовани Бокачо во прозата („Декамерон“), тосканскиот дијалект постанува единствениот италијански литературен јазик. Петрарка отвора нов век во италијанската култура и литература, додека Данте е сè уште врзан за средниот век и цивилизацијата на комуните. Со своите латински дела и култот кон антиката, Петрарка е всушност голем хуманист. Во својот култ кон антиката, хуманистите потполно го занемаруваат народниот италијански јазик и своите дела ги пишуваат на латински.

XV век

уреди

Во XV век оживува италијанскиот како литературен јазик, а особено во Фиренца. Фиренца по вторпат станува колевка на италијанската култура, откаде преминува во останатите краеви на Италија. Како во сите уметности, така и во литературата, ова е времето на преродбата (ренесанса) со цела низа на писатели на проза и сите видови на поезија. Притоа се истакнуваат Лоренцо деи Медичи, Полицијано, Пулчи, Бојардо и Санацаро.

XVI век

уреди
 
Страница од издание од 1565 на Бесниот Орландо.

Во овој век се манифестира полната зрелост на италијанската мисла и свест, богата со продукција на значајни дела во литературата и уметноста. Овој век може да се нарече и национален, бидејќи во литературното и уметничкото создавање учествуваат освен Тоскана, и други краеви на Италија. Овој век го претставуваат четири големи писатели: Николо Макијавели, кој со својот „Владетелот“ тежнее да создаде идеална држава; Лодовико Ариосто во делото „Бесниот Орландо“ дава најсјаен романтичен еп; Гвичардини, познат историчар, укажува на тоа како треба да се сфаќаат, поврзуваат и прикажуваат историските настани; Торквато Тасо со својата книга „Ослободениот Ерусалим“ го дава на италијанската литература првиот херојски еп. Лириката се продолжува по стапките на Петрарка, а меѓу неговите следбеници се истакнуваат Бембо и Киабрера (петраркисти). Цветаат сите литературни родови - новела, комедија, трагедија, критика итн. Се истакнуваат и А. Беолко-Руцанте, Вазари, Челини, Аретино, М. Бандело и други. Кон крајот на XVI век, со смртта на Тасо, се завршува периодот на живата литература и започнува период на исцрпување и стагнција.

XVII век или време на маринизмот

уреди

Барокниот XVII век одговара на периодот на економската, политичката и духовната пропаст на Италија, како и на црковната реакција (контрареформизам). Претставник на ова време е Марини. По него, целиот овој период се нарекува и време на маринизмот или сечентизмот. Тој е најдобар пример за величествениот, звучен јазик и музикалноста која останува на површината или е само убава облека без човечка содржина. Големите духови како Галилео Галилеј, Томазо Кампанела и Џордано Бруно не можат да го дадат својот печат на целиот епос. За да се разбие сечентизмот, кон крајот на XVII век е основана и академија на книжевниците "Аркадија", која ја промашила својата цел.

XVIII век

уреди
 
Алесандро Манѕони.

Во првата половина на XVIII век се развива нова мисла и култура (Ѓанбатиста Вико), која го подготвува италијанското тло за големиот пресврт во втората половина на векот, кога во Италија се чувствува делувањето на новата филозофија и просветителството. Се појавуваат голем број на мислители и писатели, меѓу кои најзначајни се Метастазио, кој ја усовршил мелодрамата, Карло Голдони, реформатор на италијанската комедија и Парини, лирски и сатирички поет, еден од претходниците на романтизмот во Италија во XIX век.

XIX век

уреди
 
Џакомо Леопарди.

Во првите децении на овој век се продолжува со делото на обнова, започнато на крајот на претходниот век. Се формираат две школи: класична и романтична. Тие, иако нееднакви по форма го имаат истиот патриотски идеал: борбата за независност и ослободување на татковината. Главни претставници на класичната школа се Монти и Фосколо. Цел на романтичната школа била да ја доближи литературата на народот. Нејзин поборник бил Алесандро Манѕони, кој бил еден од највредните умови на своето време и дал големи дела во прозата и поезијата (религиозна лирика, историски драми, историски романи). Најголемиот лирски поет на тоа време е Џакомо Леопарди, кој се угледал на класичните примери, поет на болката и очајот (песимист).

Италијанската литература во 20 век

уреди
Податотека:Dannunzio.jpg
Габриеле Данунцио.

Новата италијанска литература е обележана со политичкото востание на италијанскиот народ и се одвива сè до првите децении на XX век. Првиот дел од овој период може да се нарече период на класична обнова, а вториот, кој трае до најновите времиња, е карактеристичен по психолошките студии и тенденции во реализмот. Меѓу многубројните писатели се истакнуваат Кардучи, голем поет, филолог и весник на модерниот класицизам; потоа Фогацаро, раскажувач; Верга, натуралист со новели и со регионалистички карактер во романите; па Едмондо Де Амичис, познат писател за млади; Пасколи со меланхолична и интимна лирика; Кроче, книжевник, филозоф и критичар; Габриеле Данунцио и други. Како последни литературни појави во предсовремената италијанска литература треба да се спомнат итн. крепусколари и футуризам (чиј основач е Маринети), потоа романописците Свева и Пирандела, новелите и комедиите.

Фашизмот и книжевноста

уреди

Во есејот „Фашизмот и книжевноста“, италијанскиот писател Еуџенио Монтале вели дека фашизмот не оставил никаква позитивна трага, никакво дело што би било вредно да се истакне, а многу работи се обидел да направи или да уништи. Фашизмот не дозволувал преголема слобода во изразувањето на судовите и чувствата. Писателите морале да бидат на линијата трасирана најпрвин од Пресбирото, а потоа од министерството за пропаганда кое подоцна прераснало во министерство за народна култура. Фашизмот сакал да изгради конструктивна, римска, империјална книжевност што би го овековечила времето на Мусолини. На пример, единствената жена која била избрана во италијанската академија во весникот „Кориере дела Сера“ нашироко ги опишувала убавите раце на Мусолини. Уште во 1925 година, писателот Џентиле го упатил својот проглас за мобилизација на фашистичките писатели, но тој имал слаб одзив, додека манифестот со кој му одговорил Кроче го потпишале голем број писатели и интелектуалци. Фашистите не успеале да пронајдат или создадат големи книжевни имиња кои би ја оствариле таа задача, иако некои познати писатели кокетирале со фашизмот. На пример, веќе остарениот Данунцио живеел во Гароне како еден вид заробеник, примајќи висока апанажа и одвреме-навреме пишувал по некоја беседа и по некое ораторско дело. Кон фашистите се приклонил и водачот на футуристите, Маринети. Пирандело, исто така, му пристапил на фашизмот (иако подоцна се повлекол) и за тоа бил награден со членство во Кралската италијанска академија.[1] За време на фашистичкиот режим, на писателите воопшто не им било дозволено да реагираат на современоста, да ја критикуваат и да ги исмејуваат нејзините пороци. Затоа, тоа било време на интимни прозаисти, фини есеисти и факирски поети во кои немало искреност, туку биле само далечно ехо на некои туѓи искуства.[2]

Современа италијанска литература

уреди

Современата италијанска литература е во знакот на живото создавање и експериментирање, од неореализмот до современите авангардни струи. Помеѓу многуте писатели, вреди да се споменат Саба, Унгарети, Монтале, Квазимодо и раскажувачите Моравија, Павезе, Виторини, Алваро, Леви, Јовине, Пратолини, Томази ди Лампедуза, Гада и најновите Гада, Пазолини и други.

Наводи

уреди
  1. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 77-80.
  2. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 81.