Торквато Тасо
Торквато Тасо (11 март 1544 - 25 април 1595) — италијански поет.
Торквато Тасо | |
---|---|
Торквато Тасо | |
Роден/а | 11 март 1544 Соренто, Кралство Наполи |
Починат/а | 25 април 1595 Рим, Папска Држава | (возр. 51)
Занимање | поет |
Жанр | епска поезија, лирска поезија |
Книжевно движење | ренесанса |
Животопис
уредиТасо имал несреќна судбина: тој бил вљубен во Елеонора д'Есте, сестрата на војводата од Ферара, Алфонсо II, а подоцна полудел и бил затворен во болницата „Санта Ана“ во Ферара. Во расправата „Силата на човечката фантазија“, Муратори тврди дека за време на нападите на лудилото Тасо си вообразувал дека го посетува неговиот домашен дух, така што разговарал со него.[1]
Творештво
уредиТасо е најпознат по својот еп „Ослободениот Ерусалим“ и пасторалата „Аминта“ (1580).[1]
Значење и влијание
уредиИталијанскиот поет Џакомо Леопарди напишал краток есеј со наслов „Дијалог меѓу Торквато Тасо и неговиот домашен дух“ (Dialogo di Torquato Tasso e del suo Genio familliare).[2] Според Леопарди, поради постојаните несреќи што го следеле во текот на животот, иако бил изворен и инвентивен, Тасо заостанал зад трите големи италијански поети.[3] Споредувајќи го со Данте, Леопарди опишува како плачел на гробот на Тасо, а не почувствувал никаква нежност над гробот на Данте. Притоа, тој вели дека во Тасо гледам ечовек кого го совладала бедата, кој е соборен, кој им подлегнал на раните, кој се предал и постојано прекумерно трпи и страда. Иако неговите страдања биле имагинарни, неговата несреќа е вистинска и, иако немал лоша судбина како Данте, тој бил далеку понесреќен.[4]
Тасо бил пример за романтичарите, а неговата поезија ги инспирирала Гете и Бајрон
Наводи
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |