Додипломски студии
Додипломски студии е етапа од образовниот процес која следи по средното образование и е предуслов за постдипломските студии. На крајот на овие студии, студентите добиваат диплома и може да ја додадат придавката дипломиран во своето звање. Одредени струки, во Македонија и во странство, на крајот на додипломските студии го даваат звањето магистер.