Зелениче

село во Леринско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Зеленич)

Зелениче или Зеленич (грчки: Σκλήθρο, Склитро; до 1927 г. Ζέλενιτς или Ζελενίτσι, Зелениц, Зеленици[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 532 жители (2011), од кои преку две третини се Македонци.[3]

Зелениче
Σκλήθρο
Поглед на Зелениче
Поглед на Зелениче
Зелениче is located in Грција
Зелениче
Зелениче
Местоположба во областа
Зелениче во рамките на Суровичево (општина)
Зелениче
Местоположба на Зелениче во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°37.19′N 21°30.17′E / 40.61983° СГШ; 21.50283° ИГД / 40.61983; 21.50283
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаАјтос
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно532
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Куќи во Зелениче.

Географија

уреди

Селото е сместено на 51 км југоисточно од Лерин (18 км по воздушна линија),[3] 5 км југозападно од Ајтос и 3 км западно од езерото Зазерци. Лежи во котлината во подножјето на Керечка Планина, која е огранок на Вич. Крај него минува главниот пат од Суровичево за Костур преку с. Клисура.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Зелениче е едно од најстарите села во подрачјето и датира од околу 1300 г. Селото за првпат се спомнува во османлиски дефтер од 1481 г. под името Желенич.[4]

Во XIX век Зелениче е големо мешано македонско-турско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Зеленич како македонско село.[5][6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Зеленич (Zélénitch) било село со 450 домаќинства од 628 жители Македонци и 650 жители муслимани.[7][8]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Зелениче:

Селото Зелениш кое лежи во правец на Невеска е сместено на рамно место со 30 муслимански и 60 македонски куќи. Данокот на првите е 4.100 пијастри, а на вторите 9.200 пијастри и инание-аскерие од 4.980 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и други дејности. Во петок има пазар.[7][9]
 
Стара куќа во Зелениче.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зелениче имало 1.800 жители Македонци, 500 жители Турци и 72 Роми.[7][10] На почетокот на XX век во Зелениче работеле и бугарската и грчката пропаганда. Мнозинството од христијанските жители на Зелениче биле под врховенството на Бугарската егзархија. Според грчки податоци, на почетокот на векот во селото имало 150 семејства муслимани, 150 семејства под егзархијата и 65 под Цариградската патријаршија. Во август 1902 г. патријаршиските семејства се свеле на 23, а подоцна на 15. На 2 мај 1903 г. во борба во месноста Црна Вода се убиени четниците Стефан Которчев, Васил Которчев, Михаил Колинов, Јанко Чавков и Петре Масин. Во самото село се убиени селаните Георги П. Боглев, Геле Нанов и Христо Динев, а на 16 август е убиен и четникот-илинденец Дине Нанчов[11].

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 1.656 Македонци под егзархијата, 192 Македонци под патријаршијата и 102 Роми християни; во селото работеле две бугарски и едно грчко училиште.[12] Учители во бугарските училишта во Зелениче биле Б. Типев, Г. Дрндаров, Л. Дукова, А. Христова и Б. Карамфиловиќ[13]. Во 1907 г. во Зелениче имало македонска црква со двајца свештеници.[14] Цариградскиот револуционер Христо Силјанов напишал за Зелениче:

 
Камбанаријата на црквата „Св. Ѓорѓи“.
Зелениче е убаво, големо печалбарско село, кое не личи на мариовските. Во куќите чувството е речи градско. Многу од мажите носат панталони. Питоми, восприемчиви, гостопримливи луѓе.[15]

Во септември 1910 г. селото настрадало во наразоружителната акција на младотурците.[16]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 2.232 жители, а во 1920 г. броело 2.219 лица.[3] Во 1923 г. по сила на Лозанскиот договор, турските жители на Зелениче се иселени во Турција (вкупно 1.100 лица од 170 семејства). На нивно место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија, Источна Тракија и Кавказ. Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано (македонско-дојденско) со вкупно 1.347 жители[3] 379 (87 семејства) биле грчки дојенци, а останатите Македонци.[17] Во 1927 г. властите го преименувале селото во Склитрон.[18] По податоци на жандармериските власти, во 1932 г. во Зелениче имало 353 македонојазични семејства, од кои 326 со сопствена национална свест.[19]

 
Поглед на селото кон Вич.

Во 1940 г. Зелениче броело 1.342 лица,[3] но во Граѓанската војна го напуштиле 58 семејства, од кои 28 се преселиле во Р Македонија, а 30 во источноевропските земји.[3] Со тоа, во 1951 г. населението се намалило на 1.153, а во 1961 г. на 1.084 жители. Во 1960-тите селото го зафатило бран на иселување во прекуокеанските земји и селото продолжило да се намалува.

Цркви

уреди

Селото ги има следниве верски објекти:[20]

  • Св. Димитриј“ — гробишна црква од 1864 г.
  • Св. Ѓорѓи“ — црква од 1867 г.
  • „Живототворен извор“ (изворно „Св. Петка“) — параклис на рид над селото

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.342 1.153 1.084 853 623 553 609 532
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Главни производи на селото се детелината, компирот и сточарските преработки.[3] Во август секоја година се одржува Компиријада.

Личности

уреди
Родени во Зелениче
 
Кочо Цонката
 
Фоте Кирчев
Починати во Зелениче

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζέλενιτς - Σκλήθρον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 154.
  4. Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 353. ISBN 2283604524.
  5. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  9. Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 154. Опишувајќи ја Костурската каза на стр. 149 Верковиќ исто така спомнува село Зеленич, кое можеби е Зеленград: Село Зеленич со 80 македонски и турски куќи... Месноста околу селото е мошне плодна, жителите се земјоделци и овчари. Има 30 христијански семејни двојки, и 50 турски. Данокот на првите е 3.750 пијастри, а на вторите 7.100 пијастри. Има една црква и една џамија. Под Зелениче почвата е плодна, но од неа се вади слаба полза бидејќи Турците ја обработуваат лошо.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  11. Илюстрация Илинден, бр.135, стр. 13
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  13. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 37
  14. Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, отговорен редактор Маргарита Василева, т. 2, София 1992, стр. 41.
  15. Силянов, Христо. Писма и изповеди на един четник, Македонски Научен Иститут, София, 1927, стр. 38.
  16. Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 2.
  17. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  18. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  19. Нарекувајќи ја нивната свест „бугарска“ поради грчкото непризнавање на македонскиот идентитет.
  20. „Σκλήθρο“. Visit Florina. Архивирано од изворникот на 2016-09-20. Посетено на 21 август 2016.
  21. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 53
  22. Христов, Наум. Моята автобиография, стр. 14.[мртва врска]
  23. Костенцев, Арсени. Спомени, София, 1984, стр. 124 – 125.
  24. Църнушанов, Коста. Охридското съзаклятие, София, 1967, стр. 133.
  25. Меѓу Македонците во Флорида