Фоте Николов Кирчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Фоте Кирчев
Роден 15 март 1875
Зелениче, Леринско, Егејска Македонија
Починал 31 јануари 1956
Софија, Бугарија

Животопис

уреди
 
Кирчев со неговото семејство

Кирчев е роден во селото Зелениче во Леринско на 15 март 1875 година, тогаш во Османлиското Царство. Како мал бил на печалба во Цариград. Од 1900 до 1902 година таму имал млекарница. Стапил во ВМОРО на крајот на 1902 година и се вратил во родното село. Пролетта 1903 година добил задача да го убие гркоманскиот андартски капетан Вангел Георгиев, но успеал да го ликвидира само гркоманскиот кмет на Сребрено, по што заминал во комити и влегол во четата на Георги Папанчев. Фоте учествувал во борбата на 1 мај во која загинал војводата Папанчев и потоа останатите комити стапиле во четата на Александар Турунџев. Испратен е со тројца четници во Зелениче да ги собере скриените нелегални браќа Димитар, Алексо и Начо Христови Цандилеви, на 15 мај бил откриен од минувачкиот османлиски гарнизон на Невеска. Во битката што следела загинале Васил и Стефо Которчеви, Јанко Чавков и Михаил Калинов.[1] Останатите четници му се придружиле на Никола Андреев во Мокрени.[2]

На 12 јули четите на војводите Никола Андреев и Турунџев биле предадени и опколени во Горно Котори и Негован од четата[2] на Вангел Георгиев и дел од леринскиот гарнизон. По осум часовна борба Фоте Кирчев бил ранет во рака и заробен од Турците.[2][3] Бил затворен во Битола, измачуван и осуден на 101 години во окови и испратен во Дијарбекир.[4] Бил амнестиран со општата амнестија од 1904 година и се иселил во Бугарија.[3] Тој го основал на Леринско благотворително братство во август 1919 г.[5] Бидејќи неговата нога била неподвижна, со пари од владата и Борис Сарафов Кирчев бил испратен на операција во Виена, каде што му била вградена вештачка нога.[6]

Неговата сопруга Крста Христова Цандилева (1881 - ?) исто така била од селото Зелениче.[7] Имале две деца – Никола и Василка. Починува на 31 јануари 1956 година.

Наводи

уреди
  1. Хр., К (януарий 1942). „Фоти Николовъ Кирчевъ“ (PDF). 1 (131. София: Издание на Илинденската Организация. XIV: 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-18. Посетено на 2024-02-24. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Хр., К (1942). „Фоти Николовъ Кирчевъ“ (PDF). 1 (131. София: Издание на Илинденската Организация. XIV: 11. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-18. Посетено на 2024-02-24.
  3. 3,0 3,1 Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 279. ISBN 978-619-9208823.
  4. Ачковъ, Георги (1923). Страданията на 323 македонски заточеници въ Дияръ-Бекиръ презъ 1903-1904 г. София: Спомени отъ бившия заточеникъ Георги Т. Ачковъ. Прередактирани отъ Димитъръ Розалинъ — Печат. „Розова Долина". стр. 11. Посетено на 20 септември 2015.
  5. Райчевски, Стоян (2016). Бежанците от Македония и техните братства в България. София: Захарий Стоянов. стр. 577.
  6. Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 389. ISBN 978-619-9208823.
  7. Пеловски, Филип. Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. Т. I. Дел II. София, Библиотека Струмски, 2021. ISBN 978-619-92088. с. 47.