Зазерци
Зазерци или Зазерско Езеро (грч. Λίμνη Ζάζαρη, Зазари) — езеро во Леринско, Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските езера.
Зазерци Ζάζαρη | |
---|---|
Поглед на езерото и селото Свети Тодор | |
Координати | 40°37′45″N 21°32′59″E / 40.62917° СГШ; 21.54972° ИГД |
Најг. должина | 2.075 м км |
Најг. ширина | 1.425 м км |
Површина | 1,85 км2 км2 |
Прос. длабочина | 3 м м |
Населени места | Свети Тодор |
Езерото се наоѓа на надморска височина од 602 метри, а површината му е околу 1,85 км2. Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, што се наоѓа на 2 км јужно од него и во кое истекуваат неговите води. На неговиот југоисточен брег се наоѓа селото Свети Тодор (Черкезќој), денес на грчки Лимнохори („езерско село“). Најмногу вода добива од Зеленичка Река.
Со Рудничко Езеро сочинуваат заеден екосистем, мошне богат на птици (повеќе од 150 видови), цицачи (12 видови), змии (7 видови), водоземци (7 видови), риби (8 видови), и 150 видови растенија.[1] Поради таа причина се вклучени во мрежата Натура 2000.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Туристички информации за обете езера (англиски)
- Хотел „Зазари“ Архивирано на 16 јуни 2009 г. (англиски)