Зеленград (Костурско)
Зеленград (грчки: Μεσόβραχο, Месоврахо; до 1927 г. Ζέλεγκραδ, Зеленград[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 3 жители (2021).
Зеленград Μεσόβραχο | |
---|---|
Координати: 40°27.54′N 20°59.16′E / 40.45900° СГШ; 20.98600° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Акритес |
Надм. вис. | 1.090 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 3 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 23 км југозападно од Костур, крај границата со Албанија, во подножјето на планината Гал’мбица (Алевица).[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСелото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Зеленовад како место со 23 христијански семејства и едно муслиманско [4] Населението подоцна го примило исламот во немирни времиња за поголема сигурност.[3] Според Стефан Верковиќ, во втората половина на XIX век во Зеленград имало 45 домаќинства со 157 жители Македонци-муслимани.[5][6] Кон крајот на XIX век Зеленград било македонско муслиманско село во Рупишката нахија на Костурската каза. Грчката статистика од 1905 г. вели дека имало 350 жители, кои погрешно ги претставува како Турци.[7] Во овој период, Милоевиќ нешто бележи 40 куќи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зеленград се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[8] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Потпаѓање под Грција
уредиВо Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од грчката војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција, кога населението броело 304 жители.[3] Во 1924 г. населението е иселено во Турција, а на негово се доведени турски Грци, кои во 1928 г. броеле 93 лица (според други извори 60[9] или 72 лица од 18 семејства[10]). Во 1926 г. Зеленград е преименуван во Месоврахи, што во превод значи „меѓу врвови“.
Граѓанската војна и по неа
уредиСпоред пописот од 1940 г. селото имало 110 жители.[3] За време на Грчката граѓанска војна доселените Грци од Зеленград се здружувале во банди кои пљачкосувале по околните македонски села, особено во соседното Калевишта. Населението на селото, од своја страна, се засолнило во побезбедните села. Голем дел од селаните решиле да не се вратат по војната, а две деца од Зеленград се испратени во странство како деца-бегалци.[7] Поради оваа ситуација, населението на селото се смалило на 55 жители во 1951 и 48 жители во 1961 г.[3] Поради оскудноста на почвата, дел од жителите решиле да се преселат во побогатите напуштени македонски села и во градот Костур, така што во 1971 г. населението се смалило на 27 жители, а во 1981 г. на само 16. Во следното десетлетие населението значајно се зголемило, бележејќи 58 жители на пописот во 1991 г.[3], но повторно почнало да опаѓа, смалувајќи се на 42 лица во 2001 и само 6 лица во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 110 | 55 | 48 | 27 | 16 | 58 | 42 | 9 | 3 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζέλεγκραδ -- Μεσόβραχον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.
- ↑ Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 116.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)
|format=
бара|url=
(help) (бугарски) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 119. ISBN 954-9308-51-0. - ↑ 7,0 7,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mesovraho“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2019-11-05.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2019-11-05.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.