Кочо Цонков
Кочо Христов Цонков, познат и како Цонката, Чонков, Чонка, Дедо Кочо Цонката, Зеленички или Флоринали — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Кочо Цонков | ||
Роден | 1866 Зелениче, Леринско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1906 Трсје, Леринско, Егејска Македонија |
Животопис
уредиЦонков е роден во селото Зелениче, Леринско во 1866 година, тогаш во Османлиското Царство. Долго време водел чета и дејствувал во својот роден крај. Во 1901 г. тој бил уапсен по Солунската афера и на 14 март е осуден на смрт[1], но казната му била заменета со затвор и бил испратен во прогонство. Бил амнестиран во почетокот на 1903 г. и за време на Илинденското востание, Цонков бил централен војвода во Леринско. Во регионот востануваат 250 лица од селата Трсје, Арменско, Горно Неволјани, Неред, Лаген и Крапешино.[2] По крајот на востанието тој избегал во Бугарија.
Четата на Кочо Цонков, 5 февруари 1905 г. | ||||
---|---|---|---|---|
Број | Име | Село | Околија | Белешка |
1. | Кочо Хр. Лерински | Зелениче | Леринска | |
2. | Михаил Д. Рударчев | Злетово | Кратовска | |
3. | Стојан Д. Кацарски | Ќустендил | Ќустендилска | |
4. | Иван Атанасов | Смрдеш | Костурска | |
5. | Михаил Петков | Пирдоп | Пирдопска | |
6. | Андон Андреев | Врбник | Костурска | |
7. | Крсто Нешков | Крушево | Битолска | |
8. | Крсто Јанков | Тетово | Тетовска | |
9. | Иван Михајлов | Ресен | Ресенска | |
10. | Христо Марков | Битола | Битолска | |
11. | Крсто Димитров | Суровичево | Леринска | |
12. | Илија Велев | Дебар | Дебарска | |
13. | Крсто Жогов | Трново | Битолска | |
14. | Стојан Младенов | Старо Нагоричане | Кумановска | |
15. | Стефан х. Иванов | Карлово | Карловска[3] |
Се враќа со четата во Леринско на местото на Никола Мокренски во пролетта на 1905 г. и води битки против грчката вооружена пропаганда. Цонков е убиен во колиба над селото Трсје во декември 1906 година.[4][5][6]
Наводи
уреди- ↑ Татарчев, Христо (1989). Спомени, документи, материали. София: Наука и изкуство. стр. 215, 366.
- ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.28
- ↑ Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 54. ISBN 954-9514-28-5.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 268.
- ↑ Пелтеков, Александър Г. (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (II. изд.). София: Орбел. стр. 238. ISBN 9789544961022.