Западна Македонија (Грција)
Западна Македонија — област во северна Грција, која се протега во западниот дел на Егејска Македонија.
Западна Македонија Δυτική Μακεδονία | |
---|---|
Областа во рамките на Грција | |
Поделба на областа Западна Македонија | |
Земја | Грција |
Децентрализирана управа | Епир и Западна Македонија |
Седиште | Кожани |
Окрузи | |
Управа | |
• Управник | Теодорос Карипидис (независен) |
Површина | |
• Вкупна | 9.451 км2 (3,649 ми2) |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 283.689 |
• Густина | 30/км2 (78/ми2) |
ISO 3166 | GR-C |
ИЧР (2017) | 0,867[2] многу висок · 3. |
Мреж. место | pdm.gov.gr |
Според административна реформа од 1 јануари 2011 г. Грција е поделена на 13 области (со поранешен назив периферии), кои понатаму се поделени на окрузи, а пак тие на општини.
Според оваа реформа регионот Западна Македонија е поделен на 4 окрузи: Гребен, Лерин, Костур и Кожани, кои пак се поделени на вкупно 12 општини. Вклучува неколку поголеми градови, меѓу кои спаѓа и главниот град на областа — Кожани, како и градовите Костур, Лерин и Гребен.
Општини
уредиОпштина | Грчки | Население | Седиште |
---|---|---|---|
Велвендо | Δήμος Βελβεντού | 3.060 | Велвендо |
Горуша | Δήμος Βοΐου | 15.080 | Сачишта |
Гребен | Δήμος Γρεβενών | 21.440 | Гребен |
Дескати | Δήμος Δεσκάτης | 5.205 | Дескати |
Еордеја 1 | Δήμος Εορδαίας | 42.414 | Кајлари |
Кожани | Δήμος Κοζάνης | 67.161 | Кожани |
Костур | Δήμος Καστοριάς | 33.227 | Костур |
Лерин | Δήμος Φλώρινας | 29.611 | Лерин |
Нестрам | Δήμος Νεστορίου | 2.188 | Нестрам |
Преспа | Δήμος Πρεσπών | 1.220 | Р’мби |
Рупишта | Δήμος Ορεστίδος | 10.633 | Рупишта |
Серфиџе | Δήμος Σερβίων | 9.484 | Серфиџе |
Суровичево | Δήμος Αμυνταίου | 14.331 | Суровичево |
1 Општината е наречена по истоимената древномакедонска област, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Демографија
уредиБидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 160 населени места и сочинуваат околу 24% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 67.000 Македонци.
Поврзано
уреди- Западна Македонија — регион во денешна Р Македонија
- Егејска Македонија
- Области во Грција
Наводи
уреди- ↑ „Demographic and social characteristics of the Resident Population of Greece according to the 2011 Population - Housing Census revision of 20/3/2014“ (PDF). Hellenic Statistical Authority. 12 September 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-08. Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
- ↑ Исход од пописот 2021 (англиски)
Надворешни врски
уреди- Западна Македонија (Грција) на Ризницата ?
- Службен портал на областа Западна Македонија (грчки) (англиски)