Жужелски мост
Жужелски мост (грчки: Γεφύρι Ζούζουλης) — стар камен мост во Нестрамско, Егејска Македонија. Се наоѓа во шумата, на 2 км источно од селото Жужел. Ја преминува Жужелска Река, која ја образува границата помеѓу планините Смолика од југозапад и Горуша од североисток.[1]
Жужелски мост Γεφύρι Ζούζουλης | |
---|---|
Координати | 40°10′19″N 21°2′34″E / 40.17194° СГШ; 21.04278° ИГД |
Преминува | Жужелска Река |
Место | Жужел, Нестрамско, Егејска Македонија |
Зашт. статус | споменик на културата |
Следен | Куцумбли |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 25 м |
Висина | 7 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | 1880 |
Местоположба | |
Мостот е изграден во 1880 г. од градители од с. Кастањани во областа Мајсторско, Епир. Даумот е познат од Мантос Димитриос од Жужел (1867 - 1952), кој присуствувал на мостоградбата. Средствата за иградба ги дал човек од епирското село Фурка, чиј брат се удавил во реката. Овој своден полуцилиндричен мост има вкупна должина од 25 м и се издига на висина од 7 м. Долго време бил едиствената врска меѓу Жужел, градот Гребен и Цотил. Обновен е во 1990 г.[2]
Во 1988 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[3]
Поврзано
уреди- Куцумбли — следен мост на реката
Наводи
уреди- ↑ „Βόλτα στα Πέτρινα Γεφύρια του Νομού Καστοριάς“. About Kastoria. 25 февруари 2016. Посетено на 22 декември 2020.
- ↑ „Γεφύρι Ζούζουλης“. Cyberότσαρκα. 4 април 2011. Посетено на 7 март 2013.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΔΙΛΑΠ/Γ/929/15422/20-6-1988 - ΦΕΚ 494/Β/14-7-1988“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-09-25. Посетено на 5 мај 2018.