Ханс Арп

(Пренасочено од Жан Арп)

Ханс Арп (Hans Arp), познат и како Жан Арп бил германско-француски сликар, вајар и поет, роден на16 септември 1887 година, а починал на7 јуни 1966 година, бил познат како соработник во групата на дадаисти и надреалисти и пред сè како приврзаник на апстрактна уметност, при што изворите биле во елементарните, природни форми.

Ханс Арп
Фотографија на Ханс Арп, публикувана во De Stijl, (јануари 1926 година)
Роден(а)Стразбур, Германија
Починал(а)Базел, Швајцарија
НационалностГерманско-Француско
ОбразованиеАкадемија Јукијан
Познат(а) поВајар, поет, сликар
СопружникСофија Таубер-Арп

Животопис уреди

Ханс Арп е роден како син на производител на цигари во Стразбур кој тогаш ѝ припаѓал на Германија. Живеел во германско – француска средина и потполно ги запознал двата јазици. Како младич бил фасциниран од поезијата на романтичарите.

Од 1904-1908 година студирал сликарска уметност во Вајмар и во Париз на академијата Јулијан. Од 1909 година живеел в Швајцарија и пишувал поезија. Во 1912 година се сретнал до сликарит slikarom Василиј Кандински[1] во Минхен и станал член на групата „Синиот јавач“ (Der blaue Reiter|el). Од таа година започнува неговата соработка со Пол Кле и со списанието „Напред“ (Der Sturm|el).Од 1916 година соработувал со дадаистите во Цирих a 1918-1919 година во Келн со Макс Ернст. Од 1922 година живеел наизменично во Цирих и Париз. Таа година се оженил со Софија Таубер, уметничка со која правел големи колажи на геометриски исечоци, главно под нејзино влијание.

Неговите скулптури можат да се сфатат како органска апстракција и често се нарекуваат биоморфни, бидејќи делумно потсетуваат на делови на билки или човечкото тело.

Во 1943 година му починала сопругата, а во почеток на педесеттите години заминал во САД каде проектирал големи пластики на универзитетот во Харвард и Каракас, како и за зградата на УНЕСКО во Париз.

Починал во Базел во 1966 година.

Дела уреди

  • 1916 —илустрации кон Хуселбекови "Phantastische Gebete"
  • 1925 — "Уметнички пронајдоци", Со Ел Лисицки
  • 1946 — поетска збирка "Воздушна престолнина"
  • 1948 — монографија "On my way"
  • 1952 — Поетска збирка "Доништа и планови"
  • 1953 — "Славните соништа и црни ѕвезди"
  • 1953 — "Раскубани срца"

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Russell, John (10 August 1986). "Jean Arp – A Pioneer Worthy of Honor". The New York Times.