Екваторска Гвинеја

(Пренасочено од Екваторијална Гвинеја)
Ова е статија за државата во Централна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Екваторска Гвинеја[5] или официјално Република Екваторска Гвинеја (шпански: República de Guinea Ecuatorial,француски: République de Guinée Équatoriale, португалски: República da Guiné Equatorial) е држава во Централна Африка. Со површина од 28.000 км2, Екваторска Гвинеја е една од најмалите држави во Африка. Екваторска Гвинеја е една од најпросперитетните држави на африканскиот континент, но сепак богатството е во рацете на владата и елитата, а населението нема големи придобивки истото. Екваторска Гвинеја има население од 1.014.999.[6] Државата е составена од два дела: континентален регион и островски регион. Главен град на Екваторска Гвинеја е Малабо, кој се наоѓа на островскиот дел од државата, додека службени јазици се шпанскиот, францускиот и португалскиот јазик. Во 2011 година владата објавила дека планира да изгради нов главен град кој ќе го замени Малабо и истиот ќе биде наречен Џиблохо.[7][8][9][10]

Република Екваторска Гвинеја
Знаме Грб
ГеслоUnidad, Paz, Justicia  (шпански)
Unité, Paix, Justice  (француски)
Unidade, Paz, Justiça  (португалски)
Единство, мир, правда
ХимнаCaminemos pisando las sendas de nuestra inmensa felicidad
Да одиме по патот на нашата неизмерна среќа

Местоположбата на  Екваторска Гвинеја  (темносина) – во Африка  (светлосина и dark grey) – во Африканска Унија  (светлосина)
Местоположбата на  Екваторска Гвинеја  (темносина)

– во Африка  (светлосина и dark grey)
– во Африканска Унија  (светлосина)

Местоположбата на  Екваторска Гвинеја  (темносина)

– во Африка  (светлосина и dark grey)
– во Африканска Унија  (светлосина)

Главен градМалабо
3°45′N 8°47′E / 3.750° СГШ; 8.783° ИГД / 3.750; 8.783
Најголем град Бата
Службен јазик
  • шпански
  • француски
  • португалски
  • Признаени регионални јазици фаншки, бубејски, анобонски
    Народности (1994) 85.7% Фанзи
    6.5% Бубијци
    3.6% Мдовејци
    1.6% Анобони
    1.1% Буџебајци
    1.4% други[1]
    Демоним Екватогвинеец
    Уредување унитарна претседателска република
     •  Претседател Теодоро Објанг
     •  Премиер Игнасио Милам
    Независност
     •  од Шпанија 12 октомври 1968 
    Површина
     •  Вкупна 28,050 км2 (144та)
     •  Вода (%) незначително
    Население
     •  проценка за 2009 г. 676,000[2] (166та)
     •  Густина 24.1 жит/км2 (187та)
    БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
     •  Вкупен $24.146 милијарди[3] 
     •  По жител $34,824[3] (22ра)
    БДП (номинален) проценка за 2010 г.
     •  Вкупно $14.006 милијарди[3] 
     •  По жител $20,200[3] 
    ИЧР (2013) 0.556[4]
    среден · 144та
    Валута ЦФА франк (XAF)
    Часовен појас ЗАВ (UTC+1)
     •  (ЛСВ) н.п. (UTC+1)
    Се вози на десно
    НДД .gq
    Повик. бр. 240

    Потекло на поимот

    уреди

    Името на државата потекнува од берберскиот збор „aginaw“, кој го употребувале Португалците (Guiné) и значи „црно“ или во овој случај „земја на црните“. Името се користело за Гвинеја. Додавката „екваторска“ доаѓа од местоположбата на државата која е во близина на екваторот.

    Историја

    уреди
     
    Народ во Кориско во 1910 година.

    За континенталниот регион на Екваторска Гвинеја се верува дека бил населен од Пигмејци, од кои само мал број останале во Рио Муни. Миграцијата на банту-народите во периодот од 18 до 20 век овозможила народор Фанзи да се населат на територијата. Покрај Фанзите, на територијата се населиле и останати банту-племиња, кои денес можат да се најдат покрај брегот на државата. Така на пример, Бубијците емигрирале на Бјоко преку Камерун. Анобонците, кои се по потекло од Ангола, биле доселени преку Саун Томе и Принсип.

    Португалскиот истражувач Фернао до По, кој го истражувал морскиот пат до Индија, се смета за прв Европеец кој пристигнал на островот Бјоко во 1472. Тој го нарекол островот Формоза (Formosa, „убав“), но набрзо островот бил именуван по него. Островите Фернандо По и Анобон биле колонизирани од Португалија во 1474 година.

    Во 1778 година, островите и копното меѓу реките Нигер и Огуе биле предадени на Шпанија, а територии во Америка биле предадени на Португалија. Во периодот 1778 и 1810 година, територијата на Екваторска Гвинеја биле под управа на Вицекралството Рио де ла Плата со содиште во Буенос Аирес.

    Од 1827 до 1843 година на островот Обединетото Кралство отворило база за трговија со луѓе,[11] која подоцна била префрлена во Сиера Леоне во 1843. Во 1844 година територијата била преименувана во „Шпански територии во Екватогвинејскиот Залив“. Копнениот дел на Екваторска Гвинеја станал протекторат во 1885 година, а колонија во 1900 година. Шпаската колонија во овој дел од Африка била позната како Шпанска Гвинеја.

    Независност (1968)

    уреди

    Во септември 1968 година Франсиско Масијас Нгуема бил избран за прв претседател на Екваторска Гвинеја, чија независност била призната на 12 октомври 1968 година. Нгуема создал еднопартиска држава и владеел со терор. Владеењето на Нгуема резултирало со смрт и егзил на една третина од населението на државата. Од околу 300.000 жители, околу 80.000 жители биле убиени.[12][13] Економијата на државата колабирала и обучените граѓани побегнале од Екваторска Гвинеја.[14] На 3 август 1979 година со државен удар на челото на државата дошол Теодоро Објанг и го сменил диктаторот.

    Географија и клима

    уреди
     
    Карта на Екваторска Гвинеја.

    Екваторска Гвинеја се наоѓа во Централна Африка. Државата се состои од островски и континентален дел. Континенталниот дел, Рио Муни, се граничи со Камерун на север и со Габон на исток и југ. Островскиот дел е составен од пет острови: Бјоко, Кориско, Анобон, Елобеј Чико и Елобеј Гранде.

    На островот Бјоко се наоѓа главниот град Малабо и се наоѓа на 40 км од брегот на Камерун. Анобон се наоѓа на 350 км од брегот на Габон. Кориско и островите Елобеј се наоѓаат во близина на Габон. Иако името на државата е добиено од екваторот, сепак екваторот не поминува низ државата. Вкупната површина на државата е 28,050 км2.

    Екваторска Гвинеја има тропска клима со влажни и суви сезони. Рио Муни од јуни до август е сув, додека од декември до февруари е влажната сезона. На Анобон има секојдневно дожд и нема забележано ден без облаци.[15]

    Политички систем

    уреди

    Екваторска Гвинеја е унитарна претседателска република. Моментален претседател на државата е Теодоро Објанг Нгуема Мбасого. Уставот на Екваторска Гвинеја од 1982 година, кој бил усвоен по падот на диктаторот Франсиско Масијас Нгуема, му дава на претседателот повеќе права. Меѓу другото, претседателот има право да назначи и смени министри, да го распушти собранието, да разговара и ратификува договори и исто така е шеф на воените сили. Премиер на Екваторска Гвинеја е Игнасио Милам Танг, кој бил назначен од претседателот и во надлежност на претседателот на државата. Постојат голем број критики за режимот на претседателот, што од светот, што од самата Екваторска Гвинеја.

    Административна поделба

    уреди
     
    Покраини во Екваторска Гвинеја.

    Екваторска Гвинеја е поделена на 7 покраини во состав на два региона. Тие потоа се делат на окрузи. Покраините и главните градови на истите се:

    1. Анобон (Сан Антонио де Пале)
    2. Северно Биоко (Малабо)
    3. Јужно Биоко (Луба)
    4. Јужна централна (Евинајонг)
    5. Ке-Нтем (Ебебијин)
    6. Крајбрежна (Бата) вклуч. островите во заливот Кориско.
    7. Веле-Нзас (Монгомо)

    Стопанство

    уреди
     
    Поглед кон Малабо.

    На 1 јануари 1985 година Екваторска Гвинеја станала првата не-франкофонска држава која го прифатила ЦФА франкот. Претходно Екваторска Гвинеја го користела својот еквеле, кој бил врзан со шпанската пезета.[16]

    Откривањето на големите количини на нафтени резерви во 1996 година и нејзината експлоатација довеле до големи приходи на владина сметка. Според податоците од 2004[17] Екваторска Гвинеја е трет најголем производител на нафта во суп-сахарска Африка.

    Покрај нафтата, останати главни стопански гранки во државата се шумарството, земјоделството и риболовството. Истражувањето направено од Американскиот Сенат во Riggs Bank, банка која врши трансфер на профитот од нафтата на Екваторска Гвинеја, покажало дека 35 милиони американски долари легнале на сметките на претседателот на државата и неговите луѓе.[18]

    Демографија

    уреди
    Население

    Екваторска Гвинеја има 676,000 жители според проценките од 2009 година[2]. Мнозинството од населението се Фанзи. Фанзите се староседелско население во регионот, но добар дел мигрирале на островот Бјоко. Околу 80% од населението се Фанзи[19] и тие се составени од 67 кланови. Северните Фанзи зборуваат на дијалектот наречен фанг-нтуму, додека јужните зборуваат на фанг-оках. Двата дијалекти се разликуваат, но се разбирливи. Дијалекти на јазикот фанг се зборуваат и во Камерун и Габон, но се разликуваат нешто повеќе од тие во Е. Гвинеја. Народот Буби се староседелско население на островот Бјоко и тие сочинуваат 15% од населението.

    Религија
    религија процент
    Христијани
      
    88,70 %
    Муслимани
      
    4,00 %
    Без Религија
      
    5,00 %
    Народна Религија
      
    1,70 %
    Други
      
    0,50 %
    Религија

    Најголема религија во Е. Гвинеја е христијанството. Околу 93% од населението се Христијани, од кои 87% се католици. 5% од населението практикуваат локални религии и 2% се муслимани, бахаисти и останати религии.[20]

    Јазици

    Екваторска Гвинеја има 3 службени јазици: шпански, француски и португалски. Според владата, службен јазик во државата е шпанскиот, а францускиот е втор службен јазик. Скоро цело население зборува на еден на банту-јазиците.[21]

    Староседелски јазици во Екваторска Гвинеја се фаншки јазик, бубејски јазик, бенгански јазик, пичинглис, комбејски јазик, баленгејски јазик, буџебански јазик, бисионски јазик, гумуајски јазик, анобонски јазик и скоро исчезнатиот басекејски јазик. Како странски јазици во државата се изучуваат и германски и англиски. Староседелските јазици се признати како интегрален дел од „националната култура“. Мнозинското население зборува на шпански,[22] особено тие кои живеат во главниот град. Шпанскиот е службен јазик уште од 1844 година.

    Култура

    уреди

    Екватогвинејската култура во копнениот дел е богата со стари танци и песни. Ова особено е карактеристично за Фанзите. Културата на островот Бјоко била под големо влијание на Шпанија, шпанските традиции и обичаи. За време на колинијалниот период образованието и здравството во државата се развиле[23], а биле запуштени за време на режимот Нгуема.

    Наводи

    уреди
    1. „Cia World Factbook; Equatorial Guinea“. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2010-07-09.
    2. 2,0 2,1 Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). „World Population Prospects, Table A.1“ (PDF). 2008 revision. United Nations. Посетено на 2009-03-12. Наводот journal бара |journal= (help)
    3. 3,0 3,1 3,2 3,3 World Development Indicators database, World Bank, accessed on 23 August 2011.
    4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
    5. Правиопис на македонскиот јазик, стр. 159, Просветно Дело, Скопје, 2007
    6. „The official website of the Republic of Equatorial Guinea“. Republicofequatorialguinea.net. Архивирано од изворникот на 2010-04-28. Посетено на 2010-05-03.
    7. „Empresas portuguesas planeiam nova capital da Guiné Equatorial“. Архивирано од изворникот на 2012-01-12. Посетено на 2012-04-20.
    8. „Atelier luso desenha futura capital da Guiné Equatorial“. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 2012-04-20.
    9. „Arquitetos portugueses projetam nova capital para Guiné Equatorial“. Архивирано од изворникот на 2013-05-10. Посетено на 2012-04-20.
    10. „Ateliê português desenha futura capital da Guiné Equatorial“. Архивирано од изворникот на 2012-01-22. Посетено на 2012-04-20.
    11. See Encyclopædia Britannica, 1911, "Fernando Po"
    12. Sengupta, Kim (2007-05-11). „Coup plotter faces life in Africa's most notorious jail“. London: News.independent.co.uk. Архивирано од изворникот на 2007-12-29. Посетено на 2010-05-03.
    13. „True hell on earth: Simon Mann faces imprisonment in the cruellest jail on the planet“. London: Dailymail.co.uk. 2007-05-18. Посетено на 2010-05-03.
    14. Daniels, Anthony (2004-08-29). „If you think this one's bad you should have seen his uncle“. London: Telegraph.co.uk. Посетено на 2010-05-03.
    15. Nations Encyclopedia
    16. „EquatorialGuinea.org; Retrieved 12/08/1998“. Web.archive.org. Архивирано од изворникот 1999-10-03. Посетено на 2010-05-03.
    17. Justin Blum (7 September 2004). „U.S. Oil Firms Entwined in Equatorial Guinea Deals“. washingtonpost.com. Посетено на 2008-07-09.
    18. „Inner City Press / Finance Watch: "Follow the Money, Watchdog the Regulators". Innercitypress.org. Посетено на 2010-05-03.
    19. „Equatorial Guinea's God“. BBC. 26 July 2003. |access-date= бара |url= (help)
    20. „U.S. Department of State“. State.gov. 2007-09-14. Посетено на 2010-05-03.
    21. Oficina de Información y Prensa de Guinea Ecuatorial, Ministerio de Información, Cultura y Turismo
    22. "Obiang convierte al portugués en tercer idioma oficial para entrar en la Comunidad lusófona de Naciones", Terra. 13 July 2007 (translate)
    23. Marvin Lewis (2007). An Introduction to the Literature of Equatorial Guinea. University of Missouri Press. ISBN 978-0826217134.

    Поврзано

    уреди

    Надворешни врски

    уреди
    Влада
    Општо