Грб на Екваторска Гвинеја
Грбот на Екваторска Гвинеја е усвоен на 21 август 1979. Во средината на грбот има сив штит во кој се наоѓа дрво од свилен памук, односно „Божјо дрво", местото каде што е договорен првиот договор помеѓу Шпанија и локалниот владетел. Над штитот се наоѓаат шест жолти ѕвезди кои симболизирааат копното и петте главни острови, а под штитот се наоѓа националното гесло „единство, мир, правда“ (шпански Unidad, Paz, Justicia). Истите мотиви можат да се видат и на знамето на Екваторска Гвинеја.
Грб на Екваторска Гвинеја | |
---|---|
Подробно | |
Усвоен | 21 август 1979 |
Историски грбови
уреди-
Грб на португалските територии во Гвинејскиот Залив.
-
Грб на шпанската колонија Рио Муни.
Поврзано
уреди„Грб на Екваторска Гвинеја“ на Ризницата ? |