Банту-јазици — група јазици од семејството на нигер-конгоански јазици кои се одликуваат со аглутинативност[1]. Во групата влегуваат околу 250 јазици според критериумот на заемoразбирливост,[2] иако во многу случаи е тешко да се утврди кој е посебен јазик а кој е наречје (Ethnologue дава бројка од 535 јазици).[3] Географски, јазиците се застапени источно и јужно од денешен Камерун, т.е. во централна, источна и јужна Африка. Во овие подрачја има и јазици од други семејства (вид. карта).

Банту-јазици
Географска
распространетост:
потсахарска Африка, претежно јужна полутопка
Класификација:нигер-конгоански
Гранки:
области A–S (географски)
итн.
ISO 639-2 и 639-5:bnt

Распределба на банту-јазиците наспроти другите нигер-конгоански јазици во рамките на Африка.

Според Ethnologue, неколку од најзастапени јазици во Африка припаѓаат на оваа група, вклучувајќи ги шона и зулу.[4] Од нив највеќе говорници има свахили - 80 милиони луѓе во осум земји (бројката секојдневно расте). Шона има 10,8 милиони говорници во Зимбабве. Потоа доаѓа зулу со 10,3 милиони.[5] Ethnologue ги наведува мањика и ндау како посебни јазици, но говорниците на шона ги сметаат за две од петте наречја на нивниот јазик. Ако кон шона ги вброиме и 3,4 милиони говорници на мањика и ндау, тогаш добиваме 14,2 милиони говорници на шона како прв јазик.

Се смета дека банту-јазиците водат потекло од подрачјето што го опфаќаат денешните држави Нигерија и Камерун.[6] Пред 2500–3000, години, говорниците на првобитниот „прабанту“ почнале да се раселуваат на исток и на југ - голема преселба што траела илјадници години. Со овие преселби, Банту-народите ја населиле потсахарска Африка и го распространиле земјоделскиот начин на живот.[6][7]

Поимот „банту“ значи луѓе, и како таков е застапен во јазиците што ги опфаќа групата. Заедничка одлика за овие јазици се зборовите како muntu или mutu (лице, човек), а множинската претставка за човечки именки што почнуваат на mu- (класа 1) во највеќето јазици е ba- (класа 2), па така се добива bantu (луѓе, народ).

Особености

уреди

Меѓу најистакнатите проучувачи на банту-јазиците е англискиот јазичар Малком Гатри, кој го има реконструирано фонемскиот инвентар и основниот лексикон на прабанту (предокот на овие јазици).

Најкарактеристична граматичка особина на банту-јазиците е обилната употреба на афикси. Така, сите зборови се распоредени по категории (луѓе, животни, предмети, растенија, итн.) и секоја категорија има посебна претставка.[8] Секоја именка припаѓа на одредена класа, и секој јазик има по неколку класи (нешто како родот кај европските јазици). Класата се познава по претставката што сочинува дел од именката, како и деловите за сложност на глаголот како и придавната (описната) основа поврзана со именката. Множината се образува со промена на класата, менувајќи ја претставката. Исто така, со претставката се означуваат еднината, множината и времето, додека наставките ги означуваат глаголските начини. Притоа, основната претставка се повторува во целиот синтаксички комплекс. На пример, „кити“ значи стол, додека „кити киле кимеангука“ значи: столот падна. Интересно е тоа што јазиците од групата банту многу брзо се збогатуваат. На пример, во племето Коса постои обичај, штом невестата влезе во новиот дом, повеќе не смее да ги употребува зборовите што почнуваат со првито слог на името на свекорот. На тој начин, таа е принудена да формира нови зборови, а некои од нив подоцна влегуваат во секојдневниот говор.[9]

Глаголот има разни претставки кои во европските јазици се засебни зборови.[10] На пример, на свахили Mtoto mdogo amekisoma, (шона: Kamwana kadoko kariverenga) значи 'Малото дете прочита [книга]'. Mtoto (дете) ја диктира придавната претставка m- и подметната претставка a-. Потоа доаѓа делот за свршено време -me- и прирочниот дел -ki- кој се слага со подразбраниот збор kitabu (книга). Во множина, со 'деца' добиваме Watoto wadogo wamekisoma (шона: Vana vadoko variverenga), а со 'книги' (vitabu) добиваме Watoto wadogo wamevisoma.

Зборовите најчесто се сочинети од отворени слогови од типот Сг-См (согласка-самогласка), т.е. повеќето јазици имаат само вакви слогови. Исклучок од ова е јазикот Бушонг.[11] Сливањето на завршниот слог (при говор) е често во јазикот Тонга во Малави.[12] Морфолошки, зборовите го имаат обликот Сг-См, См-Сг-См, Сг-См-Сг-См, См-Сг-См-Сг-См итн, т.е. било која комбинација на Сг-См, па така речиси сите зборови завршуваат со самогласка поради отвореноста на слоговите. Согласните групи се избегнуваат и при усвојување на позастапени заемки од англиски и други јазици. На пример, на њанџа (чичева): зборот „school“ (училиште) е усвоен како sukulu со вметнување (епентеза) на -u- и негово додавање на крајот на зборот. Меѓутоа, групирање на почетокот од зборот се забележува во јазици како шона (ндау)[13] и некои наречја на макуа.[14]

Позначајни банту-јазици

уреди

Ова е список на најважните банту-јазици во секоја земја.[15] Наведени се јазиците што сочинуваат барем 1% од говорниците и имаат барем 10% до говорниците на најзастапениот банту-јазик во земјата.

лингва франка

  • Свахили (кисвахили) (350 000; десетици милиони како втор јазик)

  Ангола

  Боцвана

  Бурунди

  Замбија

  Зимбабве

  ДР Конго

  Екваторска Гвинеја

  ЈАР

  • зулу (исизулу) (10 милиони)
  • коса (исикоса) (8 милиони)
  • сото (сесото) (4 милиони)
  • педи (сепеди) (4 милиони)
  • цвана (сецвана) (3,5 милиони)
  • цонга (шанган) (2 милиони)
  • свати (сисвати) (1 милион)
  • венда (чивенда) (1 милион)

  Камерун

  Кенија

  Лесото

  • сото (сесото) (1,8 милиони)
  • зулу (исизулу) (300 000)

  Малави

  Мозамбик

  Намибија

  Република Конго

  Руанда

  Есватини

  Танзанија

Државен јазик е свахили

  Уганда

  Централноафриканска Република

Банту-зборови во македонскиот јазик

уреди

Еве некои зборови од разни банту-јазици што дошле во македонскиот преку поголемите европски јазици:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „банту-јазици“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Derek Nurse, 2006, "Bantu Languages", in the Encyclopedia of Language and Linguistics
  3. Извештај за јужните бантоидни јазици - Ethnologue (англиски)
  4. Статистички преглед: по големина на јазиците - Ethnologue (англиски)
  5. [1]
  6. 6,0 6,1 Philip J. Adler, Randall L. Pouwels, World Civilizations: To 1700 Volume 1 of World Civilizations, (Cengage Learning: 2007), стр. 169.
  7. Toyin Falola, Aribidesi Adisa Usman, Movements, borders, and identities in Africa, (University Rochester Press: 2009), стр. 4.
  8. Даница Јакшић, „Легенда о Лионго Фумо - израз племенитих стремљења“, во: Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 188.
  9. Даница Јакшић, „Легенда о Лионго Фумо - израз племенитих стремљења“, во: Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 187-188.
  10. Derek Nurse, 2008. Tense and aspect in Bantu, стр. 70 (fn). Во многу јазици од областа A, како оние од групата мбам, глаголите се изразито аналитични.
  11. Vansina, J. Esquisse de Grammaire Bushong. Commission de Linguistique Africaine, Tervuren, Belgique, 1959.
  12. Turner, Rev. Wm. Y., Tumbuka–Tonga$1–$2 $3ictionEnglish Dictionary Hetherwick Press, Blantyre, Malawi 1952. стр. i–ii.
  13. Doke, Clement M., A Comparative Study in Shona Phonetics University of Witwatersrand, Johannesberg, 1931.
  14. Relatório do I Seminário sobre a Padronização da Ortografia de Línguas Moçambicanas NELIMO, Universidade Eduardo Mondlane. 1989.
  15. според Ethnologue. Списокот е нецелосен.

Надворешни врски

уреди