Единаковци

село во Општина Демир Хисар
(Пренасочено од Единаково)

Единаковци (се сретнува и како Единаково) — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Единаковци
Единаковци во рамките на Македонија
Единаковци
Местоположба на Единаковци во Македонија
Единаковци на карта

Карта

Координати 41°15′41″N 21°14′48″E / 41.26139° СГШ; 21.24667° ИГД / 41.26139; 21.24667
Регион  Пелагониски
Област Железник
Население 228 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10012
Надм. вис. 598 м
Слава Св. Никола Мириклиски[2]
Единаковци на општинската карта

Атарот на Единаковци во рамките на општината
Единаковци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Единаковци се наоѓа во источниот дел на Општина Демир Хисар потегот на излезниот дел на Црна Река во Пелагонија. Селото е рамничарско на надморска височина од 670 метри. Од Демир Хисар селото е оддалечено 7 километри.

Историја

уреди

Името на селото потекнува од зборот „единак“, што значи чешел за лен.

Подрачјето на Единаковци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото. Селската црква „Св. Никола“ е од 1884 година.[3]

Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

уреди

Селото има поледелско-сточарски карактер[5]. Во Единаковци има и млин за мелење пченично брашно „Жито Брест“ со 15 вработени лица[5]. Во селото има две колонијални продавници. Населението се занимава со одгледување на тутун, градинарство (пипер), одгледување на овци (200) и крави (100), живина и сл[5]. Секоја куќа има трактор, значи над 100 трактори, 1 комбајн, неколку камиони, а има и косачки, балерачи и др[5].

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948580—    
1953639+10.2%
1961588−8.0%
1971596+1.4%
1981552−7.4%
ГодинаНас.±%
1991475−13.9%
1994384−19.2%
2002338−12.0%
2021228−32.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Единаковци живееле 300 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Единаковци имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Единаковци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 66 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во Единаковци живеат 338 жители, сите се Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 223 Македонци, 1 Албанец и 4 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 320 580 639 588 596 552 475 384 338 228
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Единаковци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[16]

  • Доселеници: Котевци и Лутовци (15 к.) доселени се од раселеното село Љутоица кое постоело кај селото Вардино. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 100 г. во 1952 година) Никола-Коте-Вељан, кој се доселил; Главевци (30 к.) се делат на Мирчевци, Цветановци, Милошовци и Трпчевци. доселени се од некое место во Прмет во Албанија. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 80 год, во 1952 година) Ристе-Лозан-Кочо, предокот кој се доселил; Барбовци или Стојановци (1 к.) стари деленици од Главевци; Божиновци и Јанковци (5 к.) доселени се од Шумадија во Србија; Ортаковци или Сиљановци (5 к.) доселени се од селото Вардино; Темелковци со Нешковци (8 к.) доселени се од селото Бирино; Јанкуловци или Анчевци (4 к.) доселени се од некое место кај Пелистер (Баба), Битолско; Паспаловци (1 к.), Радевци (1 к.), Шеклевци (1 к.), Домазетовци (1 к.) и Алексовци (2 к.) доселени се однекаде.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Единаковци, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта[20]

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Постари иселеници од селото до 1952 година имало во Битола (2 семејства), Скопје (1 семејство), Романија (1 семејство) и во Србија (1 семејство),[16]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Димитров, Никола В (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 35. ISBN 978-608-65616-4-2.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Димитров, В., Никола (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар. Битола. стр. 34–35. ISBN 978-608-65616-4-2.
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 Русиќ, Бранислав. Фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  17. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 137. ISBN 9989-649-28-6.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

уреди