Црква „Св. Никола“ - Единаковци
црква во Единаковци, Демирхисарско
Св. Никола — црква во демирхисарското село Единаковци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Никола
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Бучинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°15′45.9″N 21°14′56.5″E / 41.262750° СГШ; 21.249028° ИГД |
Место | Единаковци |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1884 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм, сместен на североисточниот крај на селото. Претставува еднокорабна градба со полукружен свод. На северната и јужната страна одвнатре има по два пиластра кои го продолжуваат сводот и служат за потпора. На исток има полукружна апсида со четири плитки ниши од надворешната страна. Влезот е од делкан камен, а покривот е на две води со камени плочки. На запад има трем и камбанарија.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 35. ISBN 978-608-65616-4-2.