Атанас Анчевски
Атанас Павлев Анчевски (1920 во Единаковци, Демирхисарско — 1945 во Единаковци) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиАтанас Павлев Анчевски е роден во селото Единаковци. Тој се занимавал со земјоделие. Во НОБ се приклучил во 1944 година. Како дел од НОБ учествувал во повеќе акции, и од болеста добиена за време на НОБ починал во своето родно село по подолго боледување во 1945 година.[1]