Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Дренок

црква во селото Дренок

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Дренок. Сместена е во крајниот североисточен дел на селото.

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Втора струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°23′35.1″N 20°33′45.8″E / 41.393083° СГШ; 20.562722° ИГД / 41.393083; 20.562722
Место Дренок
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Рождество на Пресвета Богородица
Архитектонски опис

Историја

уреди

Во септември 2013 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени околу 2.000 денари и еден позлатен крст.[1]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид. Главниот влез е сместен на западната страна, додека на јужната страна има спореден влез. Непосредно пред главниот влез се издига камбанаријата која е прилепена до западниот ѕид на црквата. Таа има квадратна основа и на секоја од трите отворени страни има по три прозорци. Првите два прозорци се квадратни и застаклени, додека највисоките се залачени и затворени. Камбанаријата во целост е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. На јужниот и северниот ѕид има по три прозорци, од кои прозорецот кој е најблиску до западната страна на обата ѕида се наоѓа повисоко. Во средината на апсидата има мала монофора, а на источниот ѕид над апсидата окно. Објектот е изграден од варовник, а на рабовите се забележуваат камени тули. Црквата е покриена со лимен кров.

Во дворот на црквата се сместени трпезаријата и селските гробишта.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди