Црква „Св. Никола“ - Драдња
Свети Никола позната и како Маркова црква претставува пештерна црква која се наоѓа на околу 1.5 км. југозападно од кавадаречкото село Драдња. Таа се наоѓа во стрмен и карпест предел, во сува пештера со длабочина од околу 20 метри, висока околу 9 метри, која наликува на готска катедрала. Оваа црква е двоспратна и се состои од приземен дел кој служел за поминување, и кат - просторот на црквата - капела, на кој се искачувало преку дрвени скали од внатрешната страна на пештерата. Влезниот дел е висок околу 125 см. По својата архитектонска концепција црквата е еднокорабна градба, ѕидана од камен со различни големини и форми, делумно клесани. Покрај обичен, користен е и камен бигор - за засведување на кровната - сводна конструкција и плитките ниши. Како сврзно средство при градењето е користен варов малтер. Пропорциите на објектот се доста интересни односно ширината на црквата се состои двапати во должината, а трипати во висината. Со ова храмот има пропорции на тесни, високи еднокорабни цркви на источното христијанско градителство. Живописот е изведен во приземјето и катот. Иконографската програма е сведена според димензиите на црквата. Според досегашните проучувања се смета дека црквата е изградена и живописана во XIV век.[1]
Свети Никола
| |
Фреска на Свети Никола во црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Ваташка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Драдња |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 14 век |
Живопис | 14 век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Наводи
уреди- ↑ Археолошко друштво на СР Македонија., 1975. Маcedoniae acta archaeologica (1-2. изд.).
Надворешни врски
уреди„Црква „Св. Никола“ - Драдња“ на Ризницата ? |