Драготин
Драготин (грчки: Προμαχώνας, Промахонас; до 1927 г. Δραγοτίν, Драготин[2]) — село во Валовишко (Демирхисарско), Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 140 жители (2001).
Драготин Προμαχώνας | |
---|---|
Координати: 41°21.46′N 23°21.33′E / 41.35767° СГШ; 23.35550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Драготин |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 140 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиДраготин е лежи во Светиврачко-петричката Котлина, 32 км северно од градот Сер и 16 км северно од Валовишта (Демир Хисар). Сместен е на северното подножје на Сенгелска Планина, крај границата со денешна Бугарија,[3] т.е. со Петричко, Пиринска Македонија. Западно од селото тече реката Струма, која јужно од него навлегува во Рупелската Клисура. До селото се наоѓа граничкипт премин „Кулата-Драготин“, кој преку границата го поврзува со петричкото село Кулата.
Историја
уредиПраисторија и средновековие
уредиДраготин е мошне старо село. На 3,5 км северозападно од селото во месноста Кременица, од обете страни на границата е откриена доцнонелоитска населба[4].
Според чешко-бугарскиот балканист Константин Јиречек (1854-1918), местото е наречено по војводата Драгота, кој во 1246 г. му го предал градот Сер на никејскиот цар Јован III Дука Ватац.[5] Според Јордан Иванов,[6] можно е името да произлегува просто од придавката драг.[7]
Во Отоманското Царство
уредиНа крајот на XIX век Драготин било мало македонско чифлигарско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драготин (Dragotine) е село со 60 домаќинства од 200 жители Македонци.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Драготин живееле 110 Македонци.[8][10]
Сите жители на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драготин имало 200 Македонци, сите под егзархијата.[8][11]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна селото е преземено од VII Пешадиска рилска дивизија на бугарската армија, но по Втората балканска војна во 1913 г. Драготин сепак е припоен кон Грција. Истата 1913 г. селото е заведено како напуштено, бидејќи неговото население побегнало пред настапувањето на грчката војска во летото истата година[3] Наскоро по крајот на војната дел од населението се повратило, и тогаш во Драготин се запишани 120 лица.[3] На пописот во 1920 г. селото се намалило на 73 жители, кои пак во 1924-25 г. биле истерани во Бугарија од страна на грчките власти.[3]
На местото на прогонетите Македонци власта довела Грци од Турција. Истата судбина ги снашла и двете околни села — Рајковци и Рупел. На пописот од 1928 г. Драготин е заведен како наполно дојденско грчко село со 18 семејства кои броеле 87[3] или 70 лица; според други извори, во селото имало 463 лица.[12]
Во 1940 г. во Драготин се попишани 1.382, кои набргу подоцна достигнале 1.528 лица; големата бројка се должи на тоа што пописот ги опфатил и стационираните војници од пограничниот полк, за што сведочи половата нерамнотежа на пребројаното население — 1.202 мажи и само 180 жени, што значи дека вистинскиот број на жители не бил поголем од 360.[3] Со капитулацијата на Грција во Априлската војна, во 1941 г. подрачјето подлегнало на германски напади, а потоа и бугарска окупација, па така Драготин и двете соседни села се евакуирани како населби на грчки дојденци. Затоа, истата година бугарската статистика го води Драготин како напуштен.[3]
По извојуваната победа во Втората светска и Грчката граѓанска војна, Рајковци и Рупел останале напуштени, а во Драготино е обновено, и во 1951 г. во него се попишани 245 лица. Во 1961 населението се зголемило на 416, а во 1971 г. на 459 жители. Во 1981 г. опаднало на 210 лица, за да доживее умерен раст на 270 во 1991 г.[3] Во следното десетлетие тоа се одржало релативно стабилно, со 252 жители во 2001 г., иако на пописот во 2011 г. се забележува значително смалување, на само 140 лица.
Во 1927 г. селото е преименувано во Промахон, што во превод значи пушкарница.[13]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.382 (~360)а | 245 | 416 | 459 | 210 | 270 | 252 | 140 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
а реален приближен број на населението, имајќи предвид дека таа година формално се попишани и стационираните војници.
Стопанство
уредиНаселението на Драготин се занимава со одгледување на тутун, жито, компири и други земјоделски производи, а делумно и со сточарство.[3]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Πανδέκτης – Μετονομασίες
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 193–194.
- ↑ Беласица (портал за Беласица и региона), Тополница[мртва врска]
- ↑ Иречек, Константин (1886). История на българите. Търново. стр. 351.
- ↑ Иванов, Йордан (1982). Местните имена между Долна Струма и Долна Места. София: Издателство на БАН. стр. 117–118.
- ↑ Георгиев, Вл., Ив. Гълъбов, Й. Заимов, Ст. Илчев (съставители) (1971). Български етимологичен речник, том 1 (А – З). София: Българска академия на науките. Институт за български език. Издателство на Българската академия на науките. стр. 222.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 139.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 184.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 188 – 189.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 – 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.