Рајковци

поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија

Рајковци или Рајковче (грчки: Καπνότοπος, Капнотопос; до 1926 г. Ραϊκόφτσα, Рајкофца[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2]

Рајковци
Καπνότοπος
Рајковци is located in Грција
Рајковци
Рајковци
Местоположба во областа
Рајковци во рамките на Синтика (општина)
Рајковци
Местоположба на Рајковци во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°13.24′N 23°10.59′E / 41.22067° СГШ; 23.17650° ИГД / 41.22067; 23.17650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаДраготин
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало на 33 км северно од Сер и 17 км северно од Валовишта. Лежело во Светиврачко-петричка Котлина, во северното подножје на Сенгелска Планина.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На крајот од XIX век Рајковци било македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рајковца (Raïkovtsa) било село со 65 домаќинства на 200 жители Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Рајковци, еден дел е чифлик на некој си Христаки од Демир Хисар и на Ваки. Од Сенгелово има едвај еден час. Произведува ориз и арпаџик. Во грчката црква Верковиќ и Гологанов виделе претстави на седмочислениците. 52 куќи Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рајковци живееле 420 Македонци.[3][7]

Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рајковица (Raïkovitza) имало 640 Македонци егзархисти и 18 Роми. Работело бугарско училиште со 1 учител и 21 ученик.[8]

Сè до 1912 година селото било чифлик во сопственост на серскиот гркоман Зл. Кочев.[9]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 512 жители. Во 1920 г. тие се намалиле на 246 лица поради Првата светска војна.[2] Во 1920-тите грчката власт присилно го протерала речиси целото население во Бугарија, а на негово место довела грчки колонисти од Турција. На пописот од 1928 г. Рајковци е претставено како етнички мешано село со 159 жители,[2] од кои 142 биле грчки дојденци (42 семејства).[10] Во 1926 г. селото е преименувано во Капнотопос, во превод зачадено место.

Во 1940 г. во Рајковци се попишани 132 жители. По бугарската окупација за време на Втората светска војна во 1941 г. доселеничкото население го напуштило селото, па така бугарската статистика за истата година го води со само 7 жители.[2]

Селото се распаднало за време на Граѓанската војна и повеќе не било обновено.[2]

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 206. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 138–139. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Нарекивајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 857.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  9. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 182.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012