Драгожел

село во Општина Кавадарци
(Пренасочено од Драгожол)

Драгожел — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Драгожел
Драгожел во рамките на Македонија
Драгожел
Местоположба на Драгожел во Македонија
Драгожел на карта

Карта

Координати 41°19′23″N 22°01′02″E / 41.32306° СГШ; 22.01722° ИГД / 41.32306; 22.01722
Регион  Вардарски
Општина Кавадарци
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11015
Надм. вис. 737 м
Драгожел на општинската карта

Атарот на Драгожел во рамките на општината
Драгожел на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Драгожел се наоѓа на 737м надморска висичина. Во селото има многу извори од кои е настаната самата(Драгожелска река) која што минува низ селото. Селото Драгожел граничи со висорамнината Витачево од источната страна, а од западната страна со Тиквешко Езеро. Драгожел е ридско-планинско село којшто е заобиколен со нискостеблеста шума, до селото се стигнува преку 3 патишта од селото Гарниково и селото Бегниште а другиот пат е преку ладно долче со кој може и да се оде со возило

Историја

уреди

Драгожел под денешното име се спомнува уште во 1340 година , во 1378 кога Царот Душан го поклонил на манастирот Хиландер. Во почетокот на 1920 година селото броело 34 куќи. Населението било христијанско. Селото е од збиен тип. Куќите биле изградени од камен на приземјето и спрат со чардак. Главно занимање на населението било сточарството, а во помал обем и земјоделство. Денес во селото се останати 10 куќи, со 2 домаќинства и 4 жители. Во околината на селото регистрирани се неколку Археолошки наоѓалишта: Ресава, Селиште, Св.Лазар. Во селото постои црква која во олтарниот дел е разурната. Постои иницијатива од мештаните да ја обноват. Селска слава е Св.Никола-зимски.

Стопанство

уреди

Населението на Драгожел, во најголем дел се занимавало со сточарство, земјоделство. Од сточарство најголем дел се одгледувале овци, кози и говеда.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948153—    
1953149−2.6%
1961136−8.7%
197187−36.0%
198128−67.8%
ГодинаНас.±%
19919−67.9%
19946−33.3%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожел живееле 180 жители, сите Македонци.[2]

Селото претежно било населено со православни христијани и едно семејство од муслиманска вероисповед. Селото најголемата сила ја достигнало во 1920 година кога имало 34 куќи со околу 300 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 153 149 136 87 28 9 6 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

уреди

Драгожел било македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

  • Доселеници: Шоповци (16 к.) се делат на Јанковци, Цветковци, Николовци, Шалевци, Темковци и Ташовци . Доселени биле од шоплук . т.е од Штипско . Овде живеат од крајот на XVII век: Бошковци (7 к.) доселени биле од Велешко . Доселени кога и претходниот род: Весковци-Трповци (3 к.) доселени биле однекаде: Трипуновци (1 к.) доселени биле од Ресава : Јовчевци (1 к.) доселени биле од Гарниково : Тасевци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево : Парапановци (1 к.) доселени биле од селото Бојанчиште , а таму од селото Полчиште во Мариово : Бакарјовци (1 к.) доселени биле од селото Гарниково : Палијовци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево : Мановци (1 к.) доселени биле од селото Гарниково .[8]

Личности

уреди

Личности родени во Драгожел:

Природни и културни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[9]

Иселеништво

уреди

Најголемиот дел од иселеништвото се достигнал во 1965 од кога што почнала имиграцијата од село-град со кое што дури 70 % од населението заминало во Кавадарци.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 148. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди