Коле Велков ( 1921 во Драгожел12 октомври 1944 во Плетвар, прилепско) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Тој бил роден во селото Драгожел во 1921 година, а подоцна неговите родители се преселиле во Ваташа. По занимање бил земјоделец. Уште со почетокот на народноослободителното движење бил негов симпатизер и активен подржувач. Во летото 1944 година се вклучил во Десеттата македонска народноослободителна бригада. Загинал во борбите со Германците кај селото Плетвар, Прилепско на 12 октомври 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 407. ISBN 978-608-4621-04-1.