Никола Митрев-Езерски
Никола Митрев - Езерски познат како Елешанец,[1]Елшанчето, Елшански[2] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација
Никола Митрев | ||
Роден | 1865 Елшани, Охридско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1904 најверојатно во Варна, Бугарија |
Животопис
уредиЕзерски е роден е во 1864 година во селото Елшани, Охридско. Поради тешките услови за живот наметнати од големата сиромаштија никогаш не посетувал училиште, туку рано почнал да работи како надничар. Во потрага по работа тргнал со група печалбари во Бугарија, и подалеку, дури во земјите под Кавказ. За време на еден краток престој во Варна, разбрал дека таму постои македонски револуционерен комитет на кој решил да му се придружи. Избувнувањето на Илинденското востание го затекнало на Кавказ. Оттаму, со дружина од 12 Македонци од Ресенско и Костурско, тргнал кон Македонија за да се вклучи во борбите. Иако останал неписмен до крајот на животот, тој поседувал голема одлучност и организациони способности, поради што во Илинденското востание бил назначен за раководител на Езерскиот востанички реон - така и го добил прекарот Езерски. По задушувањето на востанието, Езерски го продолжил отпорот од густите шуми на планината Галичица. На крајот било решено да се скрие оружјето и сите борци да се вратат во своите домови. Тогаш, за да се спаси од прогонот на Османлиите, Езерски решил да пребегне во некое место каде бил на печалба и каде би можел полесно да се снајде.[3].
Последен пат бил виден во Софија, во 1904 год., со други пребегнати борци од Охридско. Потоа, за понатамошниот негов живот не се знае многу. Според кажувања на некои македонски печалбари, Никола Митрев - Езерски својот живот го завршил во Варна, поради болест стекната по патот [4]. Неговите потомци живеат во Елшани.
Наводи
уреди- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.71
- ↑ Борбата в Костурско и Охридско (до 1904 г.). По спомените на Иван Попов, Смиле Војданов, Дејан Димитров и Никола Митрев, соопштенија на Љубомир Милетич, Материали за историята на македонското освободително движение, кн. III, София 1926, с. 108-110
- ↑ Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009