Миле Барбаровски
Миле Барбаровски (р. 1 септември 1952 во с. Дабиле, Струмичко) — македонски композитор на популарна музика.
Миле Барбаровски | ||
Роден | 1 септември 1952 Дабиле, Струмичко, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | композитор | |
Роднини | Георги Барбаровски (брат) |
Животопис
уредиБарбаровски е македонски композитор на популарна музика. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на одделот на ударни инструменти во класата на проф. Емил Клан. Автор е на над 300 новосоздадени песни и ора во духот на народното творештво. Учесник на сите фестивали што се одржуваат во Македонија, и на кои освоил голем број награди: Фолк Фест Валандово, Цветници, Фолк Фест Роса, Гоце Фест, Филиграни и други. Меѓу песните што веќе се дел од антологијата на новосоздадените македонски песни во народен дух се: Ако згрешам нега изгорам, Заветна и Гоцевата порака од Пепи Пафтировски, Молитва на Виолета Томовска, Дали чекаш стара мајчице од Гоце Арнаудов, Песната може се на Блага Петреска и Ефто Пупиновски.
Негов брат е Георги Барбаровски.