Георги Барбаровски

Георги Барбаровски (р. 6 мај 1949 година во с. Дабиле, Струмичко) — македонски винар и писател.

Георги Барбаровски
Роден 6 мај 1949(1949-05-06)(74 г.)
Дабиле, Струмичко, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање Винар и Писател
Роднини Миле Барбаровски (брат)

Животопис уреди

Барбаровски е македонски винар, писател и текстописец на македонски народни песни. Кариерата ја почнал како соработник на земјоделскиот весник "Трибина" (1974). Од 1986 г. се афирмирал во политичко-екомомската рубрика на Нова Македонија. Бил член на првиот редакциски состав на "Дневник", а од февруари 2004 г. заедно со Александар Дамовски е основач и главен редактор на весникот "Време". Пишува поезија, раскази, публицистички трудови. Објавил шест поетски книги: "Око и меч", "Згром", "Златен дожд" и "Совршен лов", "Пеење и натпевање" и "Струпки". Тој ги напишал следниве антологиски новосоздадени македонски песни: Заветна и Ако згрешам нека изгорам на Пепи Пафтировски, Молитва од Виолета Томовска, Ти ме предаде, Мала ќе ти е Шар Планина на Блага Петреска и Песната може се со Ефто Пупиновски, Дали чекаш стара мајчице, Ај да беше стрела песнава и Пеам да не заплачам на Гоце Арнаудов и Лична Валандовчанка на Кирчо Поплазаров и многу други...[1] Во 2023 година, ја добива наградата за животно дело "Златна бубамара на популарноста".[2]

Негов брат е композиторот Миле Барбаровски.

Наводи уреди

  1. "Струпки" нова поетска книга од Георги Барбаровски“. Канал 5. 23.3.2016. Посетено на 11 март 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „(Видео) Браќата Барбаровски се закитија со Златна Бубамара на популарноста“. ТВ Вис. 27.3.2023. Посетено на 12 март 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)