Габровци

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Габришта)

Габровци или Габришта (грчки: Δωροθέα, Доротеја; до 1922 г. Γάβριστα, Гавриста[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 564 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Габровци
Δωροθέα
Габровци is located in Грција
Габровци
Габровци
Местоположба во областа
Габровци во рамките на Меглен
Габровци
Местоположба на Габровци во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.40′N 22°3.27′E / 40.99000° СГШ; 22.05450° ИГД / 40.99000; 22.05450
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно453
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во котлината Меглен, на 2-4 км северно од гратчето С’ботско.

Историја

уреди

Праисторија

уреди

Веднаш северозападно од селото е откриена населба од неолитот и бакарното време. Во 2012 г. е прогласена за заштитен археолошки споменик заедно со соседната Преб’дишка неолитна населба.[4]

Во Отоманското Царство

уреди

Во дадено време еден дел од жителите на Габровци го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, на крајот на XIX век Габровци било сочинето од Македонци-христијани и Македонци-муслимани, чие машко население броело 302 лица во 80 домаќинства.[5][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Габровци (Gabrovtzi) било село во Воденската каза со 110 куќи на 190 жители Македонци-христијани и 315 Македонци-муслимани.[7][8]

На почетокот на XX век е забележано опаѓање на бројноста на христијанските семејства. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Габровци било македонско село со 96 христијани и 570 муслимани.[7][9]

Целото христијанско население на Габровци било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Габровци (Gabrovtzi) имало 128 Македонци под патријаршијата (грчката црква).[7][10] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 22 христијански и 102 муслимански македонски куќи.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 852 жители, кои во 1920 г. спаднале на 683.[3] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Габровци е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле голем број грчки колонисти од Мала Азија. Во 1928 г. селото броело 630 жители од кои 434 лица (106 семејства) биле грчки дојденци.[11] Според Тодор Симовски, од вкупно 630 жители во таа година, 444 биле Македонци, а 186 биле дојденци. Во 1940 г. Габровци имало 888 жители од кои, според Симовски, Македонците имале двотретинско мнозинство.[3]

Селото делумно настрадало во Граѓанската војна, така што во 1951 г. населението се намалило на 691 жител. Подоцна немало забележителни иселувања, поради што бројноста останала устојчива.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 888 691 658 680 617 595 633 564 453
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото важи за мошне богато бидејќи е сместено во поле и целото земјиште се наводнува. Се произевдуваат жито, индустриски пиперки и тутун, а прилично се развиени и лозарството и овоштарството.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γάβριστα -- Δωροθέα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 85.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1 /Φ43/56014/2795/25-5-2012 - ΦΕΚ 223/ΑΑΠ/15-6-2012“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 27 април 2018.[мртва врска]
  5. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 113. ISBN 954-9308-51-0.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.
  9. Кънчов, Васил. „Енидже-Вардарска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 147.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102 – 103.
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.