Википедија:Барања за администраторски статус/Wikimk
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор) (16/1/0); Закажано да заврши во 18:29, 23 мај 2009 (UTC)
Wikimk (разговор • придонеси) – Како што се зголемува активноста на Википедија на македонски јазик, така се јавуват и нови корисници. Но, најдобро би било кога новиот корисник ќе се јави со конкретна идеја, конкретен предлог којшто смета дека е корисен за развојот на проектот и кој се труди истиот да биде спроведен. Мал е бројот на ваквите корисници, но еден од нив несомнено е корисникот Wikimk. Уште од првиот контакт со него, знаев дека тоа е човек со визија, кој гледа на работите како вистински вредности. Очигледно е дека му беше потребно малку време за да ја сфати целата суштина на функционирањето на Википедија, како и придобивките коишто може еден човек да ги има од неа. Своите придонеси ги градеше контуинуирано, соработувајќи со другите корисници, без да покаже гнев и нетолреанција кон останатите. Ми се допаѓа тоа што овој корисник е стручен во уредувањето на статии и примерен во поглед на техничките работи, кои верувам дека и понатаму ќе продолжи да ги извршува. Верувам во изреката дека „администраторскиот статус е само обврска повеќе кон Википедија, а не престиж или награда“ и се надевам дека со новиот статус, на корисникот Wikimk ќе му биде ослободен патот кон извршувањето на работите коишто сакал но не можел претходно да ги извршува, со што би придонел многу во подобрувањето на проектот Википедија на македонски јазик. Не очекувам совршенство, бидејќи совршенството всушност и не постои, но верувам дека како администратот Wikimk ќе може полесно да сфати одредени работи, ќе може да ја разбере суштината на идните предизвици, во кои ќе мора примерно да се однесува и да постапува. Ми претставува задоволство да ја објавам оваа номинација пред целата Вики-заедница на македонски јазик. Kiril Simeonovski (разговор) 18:29, 16 мај 2009 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука: Со задоволство ја прифаќам оваа номинација. Задоволството е дотолку поголемо ако се има предвид дека сум номиниран од администраторот Kiril Simeonovski кој пред неколку месеци, гледајќи некои мои уредувања, на многу учтив начин, ми сугерираше да се регистрирам како корисник на Википедија.
Благодарам Кирил. :-) --Wikimk (разговор) 21:30, 16 мај 2009 (UTC)
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- О: Како обичен корисник, откако сум на Википедија, сметам дека придонесувам кон подобрување на квалитетот на статиите и со оглед на ентузијазмот кој кај нашата Вики заедница постои, во соработка со сите вас, се обидувам да влијаам за понатамошна популаризација на Википедија во Македонија. Администраторските права за мене ќе значат алатка повеќе со која ќе можам да влијаам врз одржување и подобрување на квалитетот на нашата Википедија, но и мотивација за со повеќе ентузијазам да се занимавам со популаризација на овој проект.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О: Како што веќе кажав моите главни придонеси се во подобрување на квалитетот на постојните статии и го користам сето свое знаење за таа цел. Во последно време во голема мерка се интересирам за историјата на медитеранскиот свет, како и за природните науки. Во овие области најмногу придонесувам.
Мене посебно задоволство ми претставуваат статиите кои ги напишав или уредив за изворите на информации (1, 2, 3) и за начинот на кој се цитираат различни видови на извори на информации (ВП:ЦИ). Сметам дека такво нешто ни беше потребно, а колку што можев да забележам по Википедиите на другите јазици не постојат многу убаво уредени статии за изворите на информации.
- О: Како што веќе кажав моите главни придонеси се во подобрување на квалитетот на постојните статии и го користам сето свое знаење за таа цел. Во последно време во голема мерка се интересирам за историјата на медитеранскиот свет, како и за природните науки. Во овие области најмногу придонесувам.
- 3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- О: На Википедија ми се допаѓа најмногу ентузијазмот на Заедницата и поради тоа и јас решив да учествувам во уредувањето. Работата во ваква средина за мене претставува задоволство, а не стрес. Што се однесува до конфликтите. Сметам дека секој има право да ги уредува содржините онака како што знае и сметам дека тоа секогаш треба да биде поткрепено со референци кои водат до валидни извори на информации. Јас своето мислење го кажувам таму каде што сметам дека имам аргументи, а конфликтните ситуации ги сметам за (1) неспремност да се слушне мислењето на другиот, за (2) недостаток на аргументи или, пак, за (3) неволност да се прифати вистината.
Општи коментари
уредиВе молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЗа
уреди- Со две раце гласам за, бидеќи е еден од корисниците со најголем ентузијазам. (пак гласам без да потврди кандидатот : ) ) --MacedonianBoy 18:31, 16 мај 2009 (UTC)
- Гледам дека MacedonianBoy ме претркал, но добро:)) Глас ЗА како номинатор.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:46, 16 мај 2009 (UTC)
- --Виолетова (разговор) 21:42, 16 мај 2009 (UTC)
- --Р ашо 22:40, 16 мај 2009 (UTC)
- --Justmakingonearticle talk 22:58, 16 мај 2009 (UTC)
- --Wikimakpedia (разговор) 01:33, 17 мај 2009 (UTC) среќно :)
- --FlavrSavr (разговор) 09:44, 17 мај 2009 (UTC)
- --Boyan (разговор) 10:53, 17 мај 2009 (UTC)
- --Астрион (разговор) 18:38, 17 мај 2009 (UTC) Администратор да си на денешен ден :)
- --Б. Јанкулоски (разговор) 20:46, 17 мај 2009 (UTC)
- --Ajax (разговор) 17:40, 19 мај 2009 (UTC)
- --LazialeStojakovo (разговор) 21:31, 19 мај 2009 (UTC)
- --brest (разговор) 21:40, 19 мај 2009 (UTC)
- --Раптор (разговор) 06:08, 20 мај 2009 (UTC)
- --Makedonij (разговор) 16:32, 20 мај 2009 (UTC)
- -- ArlekiN (разговор) 11:08, 22 мај 2009 (UTC)
Против
уредиВоздржани
уреди- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.