Првичен извор или примарен извор[1][2] — поим кој се користи во поголем број на научни дисциплини. Во историографијата првичен извор или оригинален извор претставува документ, запис или некој друг вид на извор на информации (вклучувајќи: слики, скици и др.) кои се создадени во периодот за кој студијата се однесува.

Оваа слика на ѕид во римскиот град Помпеја е пример за првичен извор

Слични (но не и истоветни) дефиниции за првични извори на информации се користат и во другите области на науката. За првични извори на информации се сметаат изворите кои директно го опишуваат објектот на научен интерес на истражувачот.

Првичните извори на информации содржат податоци за оригинални научни истражувања, како и за резултатите добиени од нив[3][4].

Доколку едно научно истражување довело до извесни резултати, тие резултати потребно е да се презентираат во погодна форма. Некои од стандардните форми во кои може да се презентираат оригинални научни резултати се[5]:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Primary, Secondary and Tertiary Sources, UM Libraries Архивирано на 30 декември 2009 г. (англиски)
  2. JCU - Primary, Secondary & Tertiary Sources Архивирано на 12 февруари 2005 г. (англиски)
  3. Primary, secondary and tertiary sources Архивирано на 30 декември 2009 г. (англиски)
  4. Library Guides: Primary, secondary and tertiary sources Архивирано на 12 февруари 2005 г. (англиски)
  5. Л. Шоптрајанова, М. Стефова, И. Кузмановски, Извори и користење на хемиски информации, Просветно дело, Скопје, 1999, 10.