Третичен извор или терцијарен извор[1] — извор на информации кој се состои од разни сознанија и искази од првични (примарни) и вторични (секундарни) извори.[2][3][4] Некои третични извори не се погодни за употреба во стручното или академското истражување, освен ако воедно не служат и како вторични извори, или пак како помагало за пронаоѓање на други извори.[5]

Вообичаено за третичните извори е да се сметаат извори на информации во кои податоците се дадени во куса и прегледна форма. Во овој тип на извори на информации обично се пренесуваат информации од првичните и од вторичните извори на информации.

Според својата содржина во овој тип на извори на информации спаѓаат библиографиите, библиотечните каталози, речниците. Според некои извори и енциклопедиите и учебниците спаѓаат во овој тип на извори на информации, додека пак, други овие видови на публикации ги сметаат за вторични извори на информации.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Л. Шоптрајанова, М. Стефова, И. Кузмановски, Извори и користење на хемиски информации, Просветно дело, Скопје, 1999, 24.
  2. Primary, secondary and tertiary sources. Архивирано на 26 јули 2013 г.". University Libraries, University of Maryland. Retrieve 07/26/2013
  3. „Tertiary Information Sources“. Old Dominion University -- ODU Libraries. September 2012. Посетено на 20 June 2013.
  4. "Tertiary sources Архивирано на 6 ноември 2014 г.". James Cook University.
  5. "Primary, Secondary, and Tertiary Resources". University of New Haven.