Џемат
Џемат (арап. جماعة, турски: cemaât - општество, заедница) — основната и најмалата организациска единица на припадниците на исламската вероисповед.[1] Преку џематот муслиманите ги остваруваат основните верски права, обврски и вршат различни активности. Како по правило, џематот се состои од група од најмалку 100 муслимански домаќинства[1] кои живеат во едно подрачје и се меѓусебно поврзани во извршувањето на заедничките исламски должности. При извршувањето на исламската молитва (намаз), џематот се состои од најмалку две лица.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „DŽEMAT“. mesihat.org. Архивирано од изворникот на 3 март 2020. Посетено на 3 март 2020.
- ↑ „Da li dva čovjeka čine džemat?“. islamskazajednica.ba. 3 јули 2015. Архивирано од изворникот на 28 февруари 2020. Посетено на 3 март 2020.