Вазна
Вазна[1] или ваза[2] ― отворен сад. Може да се направи од повеќе материјали, како што се керамика, стакло, метали што не ’рѓосуваат, како што се алуминиум, месинг, бронза или нерѓосувачки челик. Дури и дрвото е користено за правење вазни, или со користење на видови дрвја кои природно се спротивставуваат на гниењето, како што е тиковото, или со нанесување заштитна обвивка на обично дрво или пластика. Често се украсуваат вазни и често се користат за држење на сечено цвеќе. Вазните доаѓаат во различни големини за да го држат во место кој било цвет што е внатре во неа.
Вазните обично имаат сличен облик. Газиштето или основата може да бидат луковични, рамни, каринирани,[3] или друг облик. Телото го образува главниот дел од парчето. Некои вазни имаат рамо, каде што телото се криви навнатре, врат, кој дава висина и усна, каде што вазната се разгорува назад на врвот. На некои вазни им се додавани и рачки.
Различни стилови и видови на вазни се развиени низ светот во различни временски периоди, како што се кинеската керамика и домородната американска керамика . Во грнчарството на Стара Грција „вазното сликарство“ е традиционалниот поим што ја опфаќа познатата фино насликана керамика, често со многу фигури во сцени од грчката митологија. Таквите парчиња може да бидат нарекувани вазни без оглед на нивниот облик; повеќето всушност биле користени за држење или послужување течности, а многу поприродно би биле нарекувани чаши, бокали и така натаму. Во 2003 година, Грејсон Пери ја добил Тарнеровата награда за неговата керамика, обично во облик на вазна.
Историја
уредиПостои долга историја на обликот и функцијата на вазна во скоро сите развиени култури, а често керамичките предмети се единствениот уметнички доказ што останал од исчезнатите култури. Во почетните фази на грнчарството, најкористената техника за изработка на керамика бил методот на намотување при изработката. Методот на намотување е чин на обработка на глината во долги цилиндрични ленти кои подоцна стануваат мазни ѕидови.
Грнчарско тркало
уредиГрнчарското тркало веројатно било измислено во Месопотамија до 4-от милениум п.н.е., но било проширено низ речиси цела Евроазија и поголемиот дел од Африка, иако останало непознато во Новиот Свет до доаѓањето на Европејците.[4] Најраното откритие за потеклото на грнчарското тркало било во денешен јужен Ирак. Откривањето на оваа техника било корисно за луѓето од денешен јужен Ирак бидејќи служело како замена за нивните претходни неефикасни традиции. Со оваа нова техника, таа ќе расте постепено, па дури и ќе се примени за употреба на украсување керамика.[5]
Градинарска вазна
уредиГрадинарските вазни обично имаат облик на буквата V, но можат да бидат и цилиндрични или во облик на чинија. Тие обично се направени од керамика или, денес, од пластика. Примери се Торлониевата вазна[6] и Медичиевата вазна во галеријата Уфици во Фиренца.[7]
Облици
уредиГалерија
уреди-
Детал од леканис со црвени ликови; 365–350 п.н.е.; теракота;Музеј на уметност Метрополитен (Њујорк)
-
Сад за мешање со црвени ликови; 330-320 п.н.е.; теракота; одАпулија (јужна Италија); Гетиева вила (Лос Анџелес, Соединети Држави)
-
Римски чашкиноливчест кратер со релјефи на моми и танцувачки менади; 1 век од нашата ера; Пентеликонски мермер; висина: 80,7 см; Музеј на уметност Метрополитен
-
Маина вазна во кодексен стил со митолошка сцена; 7-8 век; керамика; висина: 19 цм, димензии: 11,2 цм; Музеј на уметност Метрополитен
-
Две кинески колби со змејови; 1403-1424; порцелан со сина подглазура; висина (лево): 47,8 цм, висина (десно): 44,6 цм;Британски музеј, Лондон
-
Пример за делфтски порцелан; околу 1690 година; глинени садови застаклени со калај; висина: 72,4 см; Музеј на уметност Метрополитен
-
Рококо вазна; околу 1761 година; мека паста порцелан; висина: 24,1 цм; Музеј на уметност Метрополитен
-
Градинарска вазна украсена со лето и есен; 1714 година; мермер; висина: 146 см; Државен музеј, Амстердам, Холандија
-
Неокласични вазни со капаци; 1784-1795; порцелан од мека паста; висина (сосе капак): 47,6 цм; состав во Real Fábrica del Buen Retiro (превод: Кралска фабрика во Буен Ретиро); Mузеј на уметност Метрополитен
-
Француска вазна со kapac (vase des âges); 1788 година; порцелан од мека паста; висина: 49,5 цм; Музеј на уметност Метрополитен
-
Арт Нову вазна со цвеќиња од клематис; од Емил Гале; околу 1900 година; од Нанси; Будимпештански музеј за применета уметност, Будимпешта, Унгарија
Видови материјали
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Вазна“. Дигитален речник на македонскиот јазик. Посетено на 14 декември 2023.
- ↑ „Ваза“. Дигитален речник на македонскиот јазик. Посетено на 14 декември 2023.
- ↑ Emmanuel Cooper. 2000. Ten Thousand Years of Pottery, fourth edition, University of Pennsylvania Press, ISBN 0-8122-3554-1, ISBN 978-0-8122-3554-8, 352 страници
- ↑ „Moorey, Peter Roger Stuart (1994)“. Ancient Mesopotamian Material's and Industries: The Archaeological Evidence. P. 146.
- ↑ Bryant, Victor. „The Origins of the Potter's Wheel“. Ceramics Today. Архивирано од изворникот на 2004-11-21. Посетено на 14 декември 2023.
- ↑ „Museo Torlonia“. Inv. 174. Luca Leoncini, "The Torlonia Vase: History and Visual Records from the Fifteenth to the Nineteenth Centuries", Journal of the Warburg and Courtauld Institutes, 54 (1991:99–116).
- ↑ „Several 17th and 18th-century variants are illustrated in John Goldsmith Phillips“. "The Choisy-Ménars Vases" The Metropolitan Museum of Art Bulletin, New Series, 25.6 (февруари 1967:242–250).