Амфора
Амфора[1][2] (од грчкиот ἀμφορεύς - чинија со две дршки) е абразивна чинија со две спротивни дршки и стеснет врат, направена од печена глина. Во антиката служела за чување и пренесување на Масло за јадење, вино и житарки. Постоеле два типа: амфора со врат, кај која вратот и телото се спојуваат под остар агол, и едноделна амфора, кај која вратот и телото се спојуваат во непрекината целина. Некои амфори биле мали, со висина помала од 30 сантиметри, а некои многу големи, високи преку 1,5 метар.
Амфорите главно биле богато украсени, а стилот на украсувањето на керамиката се менувал: од орнамент, спирала до живи мотиви, животни и луѓе, сликани композиции во кои се прикажуваат легендарни и митолошки содржини и сцени од секојдневниот живот.