Булент Еџевит
Булент Еџевит (турски: Bülent E cevit) (28 мај 1925 во Истанбул - 5 ноември 2006 во Анкара) бил турски политичар и премиер на Турција во периодот од 1999 до 2002 година.
Булент Еџевит | |
---|---|
Премиер на Турција | |
На должноста 11 јануари 1999 – 18 декември 2002 | |
Претходник | Месут Јилмаз |
Наследник | Абдулах Ѓул |
На должноста 5 јануари 1978 – 12 ноември 1979 | |
Претходник | Сулејман Демирел |
Наследник | Сулејман Демирел |
На должноста 21 јуни 1977 – 21 јули 1977 | |
Претходник | Сулејман Демирел |
Наследник | Сулејман Демирел |
На должноста 26 јануари 1974 – 17 ноември 1974 | |
Претходник | Наим Талу |
Наследник | Сади Ирмак |
Водач на РНП | |
На должноста 14 мај 1972 – 30 октомври 1980 | |
Претходник | Камил Кирикоглу |
Наследник | Мустафа Устунџаг |
Водач на ДЛТ | |
На должноста 13 септември 1987 – 7 март 1988 | |
Претходник | Рашан Еџевит |
Наследник | Неџдет Карабаба |
На должноста 15 јануари 1989 – 25 јули 2004 | |
Претходник | Неџдет Карабаба |
Наследник | Зеки Сезер |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 мај 1925 Истанбул |
Починал(а) | 5 ноември 2006 Анкара | (возр. 81)
Партија | ДЛТ, РНП |
Сопружник | Рашан Еџевит |
Установа | Роберт колеџ |
Вероисповед | ислам |
Потпис |
Рани години
уредиЕџевит е роден во семејство на професор во 1925 година, Се образувал на колеџот Роберт во Анкара, Лондон и на Харвард. Во Лондон завршил индиска литература и превел на турски едно од делата на Рабиндранат Тагоре.
Политичка кариера
уредиВо текот на 1946 година Еџевит се вклучил во политички води, прво како прес-аташе во турската амбасада во Лондон, а потоа како новинар, уредник и, конечно, колумнист во весникот „Улус“. Еџевит се приклучил во Републиканската народна партија (РПП) основана од Кемал Ататурк и во 1957, станувајќи најмлад член на парламентот. Девет години подоцна станал генерален секретар, а 1972 и водач на РПП, трета личност на оваа највисока позиција по самиот Ататурк.
На функцијата премиер бил избиран во 1974 година, истата година кога во септември бил принуден да се повлече, во 1977, од 1978 до 1979. Во осумдесеттите добил љубезна порака од воените генерали да се подготви „за еден и пол час, доколку сака и заедно со сопругата“ да биде однесен во затвор. По релативно кусиот затворски стаж, Еџевит добил забрана од десет години да не се занимава со политика. На сцената повторно се вратил и од 1999 до 2002 година ја извршувал функцијата премиер.
Неговата политичка кариера е исполнета со големи настани. Во 1974 година наредил инвазија на северниот дел од Кипар со цел да го заштити турското малцинство таму беше наречен „втор Ататурк“. Во 1999 година за време на неговиот петти мандат како премиер успеал да го стави зад решетки водачот на курдските бунтовници, Абдула Оџалан, обвинет за 30.000 жртви на неговата војна против Анкара. Истата година, тој започнал радикални реформи во земјата како цврста демонстрација на Турција да стане членка на Европската унија. Подоцна, тој ја одбил поканата заедно со Грција да се приклучи кон тогашната Европска економска заедница.
Во текот на 2001 година, Еџевит јавно влегол во судир со шефот на државата Ахмет Сезер, кој бил незадоволен од начините за справување со корупцијата на владата на чие чело стоел Еџевит. Сезер го обвинил премиерот дека покажал „непочитување кое никогаш не било видено во историјата на нашата земја“. Политичката криза довела до паѓање на турските берзи, затворање на илјадници претпријатија и милиони нови отпуштени од работа.[1]
Во текот на својата политичка кариера, Еџевит преживеал девет обиди за атентат, од кои најопасни биле оние во Измир и во Њујорк, каде куршумите за малку го промашиле.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Петте мандати на политичарот и поет Булент Еџевит“. Утрински весник. Посетено на 2011-03-03.
- ↑ „Ердоган се плаши да не биде отруен“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 13.