Боро Пејчинов
Боро Пејчинов (Баница, Леринско, Егејска Македонија, 14 септември 1942 - 22 јули 2011) — македонски карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист, сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер.
Животопис
уредиПејчинов е роден во егејското село Баница во близина на Лерин на 14 септември 1942 година. За време на граѓанската војна во Грција ја напушта земјата како дете бегалец и се населува во СР Македонија. Во 1961 година се запишува на архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1967 до 1969 година работи како карикатурист-илустратор и новинар за магазинот „Журнал“, а од 1970 година во редакцијата „Остен“ како карикатурист. Во 1972 година заминува на студиски престој во Загреб филм во „Загрепската школа за анимиран филм“, под менторство на Душан Вукотиќ. Во периодот од 1964 до 1977 година е хонорарен соработник во РТВ Скопје. Од 1977 година работи во продуцентската куќа Вардар филм, во студиото за анимиран филм, најпрво како карикатурист и илустратор, а потоа режисер, сценарист и сценограф на анимирани филмови. Освен на анимирани работи и на рекламни филмови, а се занимава и со графички дизајн. За својата работа е добитник на повеќе награди и признанија[1]. Живее и работи во Скопје до 2011.
Награди
уреди- 1978 ФЈДКФ, Белград, златен медал-Београд за режија на анимиран филм / „Отпор“
- 1978 ФЈДКФ, Белград, награда Желимир Матко на списанието Филмограф / „Отпор“
- 1978 ФЈДКФ, Белград, диплома Кекец / „Отпор“
- 1978 МФФ, Оберхаузен, главна награда / „Отпор“
- 1978 МФФ, Анси, главна награда / „Отпор“
- 1978 МФФ, Краков, специјална награда / „Отпор“
- 1978 Југословенски кандидат за Оскар / „Отпор“
Филмографија
уреди- 1974/75 ВИНИ ПУ, сценарио, режија, анимација, сценографија, дизајн, играно - анимиран, МТВ Скопје
- 1977: Ближни наши (аниматор, режија, сценарио)
- 1978 Отпор (аниматор, режија, сценарио)
- 1978 Растење (аниматор, режија, сценарио)
- 1985 Epur si muove (Сепак се движи) (аниматор, режија, сценарио)
- 1986 Тоа е мојот живот (аниматор, режија, сценарио)
- 1988 Леонардо - настинка (режија, сценарио)
- 1988 Леонардо - прошетка (режија, сценарио)
- 1988 Леонардо - творец (режија, сценарио)
Наводи
уреди- ↑ „Викенд со успешни македонски филмови во кинотечното кино“. Утрински Весник. Посетено на 2010-01-10.