Белизе
Белизе (англиски: Belize), или многу ретко Белисе[4] , е независна уставна монархија во Средна Америка, која се наоѓа на копнениот дел од овој континент. На север Белизе граничи со Мексико, на југ и запад со Гватемала, а на исток излегува на Карипското Море. Вкупната површина на државата изнесува 22.960 километри квадратни и има население од 333.220 жители, според проценките за 2010 година[5]. Иако шпанскиот и белискиот креолски јазик се зборуваат во државата, сепак англискиот е единствениот официјален јазик во Белизе, што ја прави единствена држава во копнена Средна Америка каде англискиот е официјален јазик. Должината на територијата на Белизе изнесува 290 километри, додека ширината изнесува 110 километри. Главен град на Белизе е Белмопан.
Белизе е држава со најмала густина на население во Средна Америка.[6] Прирастот на населението на Белизе е 2.21% според проценките за 2008[1] и истиот е најголем во регионот и Западната Хемисфера. Белизе има значајна улога во Мезоамериканскиот биолошки коридор, бидејќи земјата има богат копнен и воден животински и растителен свет.[7]
Белизе е културолошки уникатна земја во Средна Америка бидејќи таа е единствената нација со британско културно наследство. Поради историски и општествени причини, Белизе споделува големи сличности, како со средноамериканските копнени, така и со средноамериканските островски нации. Во тој сегмент, Белизе се смета за држава со силни врски и со карипските нации и со латиноамериканските држави. Државата е член на Карипската Заедница и Средноамериканскиот Интеграциски Систем.
ЕтимологијаУреди
Потеклото на името „Белизе“ не е познато, но според една теорија, името потекнува од мајанскиот збор belix што значи „матна вода“ и истото се однесува за реката Белизе. Според друга теорија, името потекнува од шпанскиот изговор за презимето на шкотскиот пират Питер Валес, кои пак Шпанците го користеле за означување на една населба покрај реката Белизе, но и за самата река.[8] Според трета теорија, името можеби е донесено од Африканците кои имигрирале во државата од Кралството Конго. Се претпоставува Африканците го донеле името со нив, бидејќи денес во Ангола сè уште постои тоа име.
ИсторијаУреди
Географија и климаУреди
Политички системУреди
Административна поделбаУреди
Белизе е поделен на шест окрузи, кои пак се поделени на 31 единица. Окрузите во Белизе се:
|
ДемографијаУреди
- Христијани - 271,560
- Муслимани - 310
- Без Религија - 27,590
- Хиндуисти - 620
- Будисти - 1,550
- Народна Религија - 4,650
- Евреи - 3,100
- Други - 310
КултураУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис 2010“. Население на Белизе 2010. statisticsBelize.org. конс. 5 јули 2013.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Белизе“. Меѓународен монетарен фонд. конс. 18 април 2013.
- ↑ „Human Development Report 2011“ (PDF). Обединети нации. 2012. конс. 5 ноември 2012.
- ↑ Правопис на македонскиот јазик, стр. 156, Просветно Дело, Скопје, 2007
- ↑ Infolink Production Center (1 April 2007). „Statistical Institute of Belize“. Statisticsbelize.org.bz. конс. 29 August 2010.
- ↑ „World Population Prospects: The 2008 Revision Population Database“. United Nations. 11 March 2009. конс. 29 August 2010.
- ↑ http://biological-diversity.info/Downloads/Ecosystem%20Mapping.zip
- ↑ „British Honduras“. Encyclopaedia Britannica 12. (1892). New York: The Britannica Publishing Company. (посет. 25 октомври 2010 г)
- ↑ Попис 2002, книга 10, 335 стр.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
Повеќе за Belize на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за guide во Википатување ? ? |
- Влада на Белизе - официјална страна на владата
- Belize National Emergency Management Organization - официјална страна на влада
- Belize Туризам - официјална туристичка страна
- Encyclopaedia Britannica
- Информации за Белизе на globalEDGE