Западна полутопка

(Пренасочено од Западната полутопка)

Западна полутопка (или западна хемисфера[1]) — георгафски поим за една половина од Земјата која се наоѓа западно од нултиот меридијан (кој минува низ Гринич во Лондон). Другата половина се нарекува источна полутопка.[2].

Западната полутопка на карта на светот, обележана со жолто.
Карта на западната полутопка

При одредувањето на источна или западна полутопка, потребно е да се избере произволен меридијан и обратен меридијан на другата страна на Земјината топка. За оваа цел обично се користи нултиот меридијан (0°) кој минува низ Гринич; this is used to define the Меѓународната датумска граница (наречена „краен меридијан“) на обратната страна на 180° ИГШ. Во потесна географска смисла, во оваа полутопка спаѓаат само континентите на Америка, но во поширока смисла тука влегуваат и западните делови на Европа и Африка, најисточниот врв на Русија, многу територии во Океанија и дел од Антарктикот, но без делот од Алеутските Острови до југозападниот дел на копнена Алјаска. Понекогаш се користат меридијаните 20° ИГД и обратниот 160° ИГД,[3], каде не се вбројува континентална Европа и Африка, мал дел од Североисточен Гренланд и повеќе територии во источна Русија и Океанија (на пр. Нов Зеланд).

Наводи

уреди
  1. „„хемисфера". Лексикон на Набу речник. Набу речник. 2008. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 29 декември 2010. (македонски)
  2. Географска ширина и должина Архивирано на 9 јуни 2008 г.“ - Енциклопедија Британија. 2006. Chicago: Encyclopædia Britannica, Inc. (англиски)
  3. "Western Hemisphere". Merriam-Webster's Geographical Dictionary, III изд. 2001. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc., стр. 1294.

0°N 90°W / 0° СГШ; 90° ЗГД / 0; -90