Атеизам

(Пренасочено од Атеист)

Атеизам или безбожништво, во поширока смисла, е одбивањето на верување во постоењето на божества.[1] Во потесна смисла, атеизам е ставот дека не постојат божества.[2] Највклучително, атеизам едноставно е отсуство на верба дека постојат некои божества.[3] Атеизам е во контраст со теизам,[4] кој во својата најопшта форма е верувањето дека постои барем едно божество.[5][6]

Етимолошкиот корен од зборот атеизам (анг. atheism) потекнува пред 5-иот век п.н.е од Стара Грција ἄθεος (atheos), што значи "без Бог(ови)". Во тоа време, бил користен за луѓето кои одбивале да се покоруваат на Боговите во кои поголемата маса верувала. Православните христијани први почнале да го користат зборот во социјална категорија за тие кои не верувале во нивната вера. Сегашната смисла на зборот почнала да се употребува од 16 век. Со ширењето на слободните мисли, научниот скептицизам, и критиките врз христијанството зборот атеизам ја има стеснето својата смисла. Првите луѓе кои почнале да се идентификуваат самите себеси како атеисти живееле во 18-ти век за време на просветителството.

Причината за неверувањето во божества се повеќе: недоволно научни докази , аргументот за неконстантен пекол , проблемот за злобата во светот и аргументот за неверство како најглавните. Атеизамот е по-парсиномна позиција со која секој е роден, за разлика од теизмот; затоа е аргументирано дека главниот товар на докажување на божествата треба да биде докажан од теистите, а не од атеистите.

Според неколку анкети утврдено е дека највеќе Атеисти постојат во Европа и Северна Азија. Во 2010, 20% од популацијата во Европската Унија се изјаснало дека не верува во "духови, маѓии и Бог".[7] Додека пак во 2015, 61% од населението во Кина се изјаснале дека се атеисти.[8]

Дефиниции и типови

уреди

Писателите не се согласуваат за тоа како најдобро да се дефинира и класифицира атеизмот. Атеизмот се смета како компатибилен со агностицизмот, и исто така е во контраст со него. Различни категории се користат за разликување на различните форми на атеизмот.

 
Овој дијаграм ја покажува врската помеѓу  дефинициите слаб/силен и имплицитен/експлицитен атеизам. (Големината на дијаграмот не ја покажува релативната големината на популациите)

Имплицитен и Експлицитен

уреди

Оваа форма на атеизам се разликува во тоа дали човекот свесно или несвесно не верува во божества. Оваа поделба датира од 1772 година кога  Барон д'Холбач рекол: "Сите деца се родени атеисти, немаат поим за Господ." Многу слично на ова во 1979 година Џорџ Х. Смит рекол: "Човекот кој не е запознаен со теизмот е атеист бидејќи не верува во Господ". Во групата на имплицитни атеисти спаѓаат луѓето кои не одржуваат верба во божества. Додека експлицитен атеист е тој кој што е свесен за теизмот, но не верува.

Позитивен и Негативен

уреди

Филизоферите Антони Флу[9] и Мајкл Мартин[10] атеизамот го поделиле на позитивен(силен/цврст) и негативен (слаб/мек). Позитивен е експлицитен аетизам кој тврди дека Богови не постојат. Додека негативен атеизам е секој друг вид на не-теизам.Термините слаб и силен се понови додека позитивен и негативен се многу по стари и се кориселе во филизофска литература.[11]

Дефиниција како невозможно или непостојано

уреди

Пред почетокот на 18 век, верувањето дека постои Бог било толку прифатено во западниот свет, што дури и можноста за вистински атеизам била во прашање. Ова се нарекува теистички innatism - идејата дека сите луѓе веруваат во Бог од раѓање; во овој поглед беше конотирано дека атеистите едноставно го негираат постоењето на Господ.

Дополнително, во овој период се тврдело дека атеистите веруваат во бога и во време на криза, дека атеистите пред смртна постела станувале верници , или дека "не постојат атеисти во рововите". Тоа значи дека под голем стрес атеистите станувале верници. Но сепак постојат примери за спротивното, меѓу нив и примери за буквално "атеисти во рововите". 

Некои атеисти се сомневале во потребата за терминот "атеизам". Во својата книга Писмо до христијанската нација , Сем Харис напишал:

Всушност, "атеизам" е термин кој дури и не треба да постои. Никој никогаш не треба да се идентификува како "не-астролог " или "не-алхемичар ". Немаме зборови за луѓе кои се сомневаат дека Елвис е жив или дека вонземјани ја поминале галаксијата само да ги малтретираат фармерите и добитокот. Атеизмот не е ништо повеќе од звуците кои разумните луѓе ги прават во присуството на неоправданите верски верувања. 

Прагматичен атеизам

уреди

Прагматичниот атеизмот е поглед дека треба да се однесува непочитувачки кон бог или богови, бидејќи тоа е непотребно за прагматичен живот. Ова гледиште е поврзано со апатеизамот и практичниот атеизам.

Аргументи

уреди

Онтолошки аргументи

уреди
 
Епикур е прв кредитиран за идејата за проблемот на злото. Дејвид Хјум во „Дијалози во врска со природната религија“ (1779) го цитираше Епикур во изјавата на аргументот како низа прашања: „Дали Бог сака да го спречи злото, но не може? Тогаш тој е импотентен. Дали може, но не сака? Тогаш тој е злонамерен. Дали може и сака? Тогаш зошто постои зло? Дали ни може, ни сака? Тогаш тој не e Бог."

Атеистите имаат дадено аргументи против постоењето на Боговите со самото одговарање на теистички аргументи како аргумент за дизајн и фамозниот Паскалов облог.

Епистемолошки аргументи

уреди

Некои атеисти тврдат дека луѓето не можат да го знаат Бог и да докажат дека постои Бог. Вториот е наречен агностицизам, која има различни форми. Во филозофијата на иманентност, божественоста е неразделна од самиот свет, вклучувајќи ги умот и на една личност, и свеста на секој човек која е заклучена во самиот човек. Според оваа форма на агностицизмот, ова ограничување во перспектива спречува било кој да дојде до заклучок за да го тврди постоењето на Бог. Рационалистичкиот агностицизам на Кант и Просветителството прифаќа само знаења изведени со човековиот разум; оваа форма на атеизам смета дека Боговите не се забележливи како принципиелно прашање, и затоа не може да се знае дека постојат. Скептицизам, врз основа на идеите на Хјум, тврди дека сигурноста за нешто не е невозможно, така што никогаш не може да се знае за сигурно дали господ постои или не. Хјум, сепак, смета дека непознати метафизички концепти треба да се отфрлат како "софистиката и илузијата". Распределбата на агностицизам и атеизмот е спорна; сите може да се сметаат како самостојни и да се сметаат како основен поглед на светот. 

Други аргументи за атеизам кои можат да се класифицираат како епистемолошка и онтолошка , вклучувајќи игностицизам , каде се тврди безначајноста и неразбирливоста на термините "Бог" и изјави како "Бог е семоќен". Теолошкиот нонкогнитивизам смета дека изјавата "Бог постои" не искажува ништо, но е бесмислено и когнитивно без причина. Се има аргументи за тоа дали таквите поединци се класифицираат во некоја форма на атеизам или агностицизам. Филозофите А. Џ. Ајер и Теодор М. Дранџ ги отфрлаат двете категории, во која велат дека и двете категории веруваат дека Бог постои и го ставаат нонкогнитивизамот во својата сопствена категорија. 

Метафизички аргументи

уреди

Филозофот Зофија Здубицка пишува:

"Метафизички атеизам ... ги вклучува сите доктрини кои го држат како метафизички монизам(хомогеност на реалноста) Метафизичкиот атеизам може да биде: а) апсолутен - експлицитено негирање на постоењето на Бог поврзано со материјалистичкиот монизам (сите материјалистички трендови, како во древните и модерните времиња), б) во однос - имплицитно негирање на Бога во сите филозофии , додека тие го прифаќаат постоењето на апсолутност, мислат дека апсолутноста не ги поседува атрибутите соодветни на Бога: трансценденција, личен карактер и единство. Релативниот атеизмот е поврзан со идеалистичкиот монизам (пантеизам, панентеизам, деизам). " [12]

Логички аргументи

уреди

Некои атеисти не веруваат во различните концепции на Боговите, како што е личниот Бог на христијанството бидејќи е опишен со логично неконзистентни квалитети. Таквите атеисти даваат дедуктивни аргументите против постоењето на Бога, што тврдат дека има некомпатибилност меѓу одредени особини, како што е совршенството,статусот на творецнепроменливостасезнаењетосеприсутностасемоќтабесконечната добродушносттрансценденцијаталичноста (човечко суштество), нефизичностаправдата, и милоста . 

Теолозните атеисти веруваат дека светот како што го живеат не може да се вклопи со квалитетите најчесто што ги има Бога и Боговите од теолозите. Тие тврдат дека сезнаен, семоќен, и бесконечно добродушен Бог не е компатибилен со еден свет каде постои зло и страдање, и каде Божествената љубов е скриена од многу луѓе. Сличен аргумент се припишува на Сидарта Гаутама , основачот на будизмот . 

Намалувачки сметки на религијата

уреди

Филозофот Лудвиг Фојербах и психоаналитичарот Зигмунд Фројд тврдат дека Бог и други религиозни верувања се човечки пронајдоци, создадени за да исполнат различни психолошки и емоционални сакања и потреби. Ова е исто така, во поглед на многу будисти. Карл Маркс и Фридрих Енгелс, под влијание на работата на Фојербах, тврдат дека верувањето во Бог и религијата се општествени функции, кои се користат од страна на оние кои се на власт да го угнетуваат народот на работничка класа. Според Михаил Бакунин, "идејата за Бог подразбира абдикација на човечкиот разумот и правдата, тоа е решавачката негација на човечката слобода, и нужно завршува во поробување на човештвото, во теорија и пракса". Тој го завртил познатиот афоризам на Волтер кој велел "Ако Бог никогаш не постоел, ќе биде потребно да биде измислен" со "Ако Бог навистина постои, тогаш ќе биде потребно да биде укинет." 

Атеизмот, религијата и духовноста

уреди

Атеизмот е во согласност со некои религиозни и духовни системи на верување, вклучувајќи ги и Хиндуизмот, Џаинизмот, Будизмот, Синтеизмот, Раелизмот и Неопаганските движења како што се "Вика". Āstika училиштата во хиндуизмот го рачунаат атеизмот како валидна патека до Мокша, но многу тешка бидејќи атеистите нема да добијат помош од божественоста на своето патување. Џаинизамот верува дека универзумот е вечен и нема потреба од создавач на божества, сепак Титанкарасите се ценети и можат да го надминат времето и просторот и имаат повеќе енергија отколку Богот Индра. Секуларниот будизам не се залага за верување во Богови. Почетокот на будизмот бил атеистички и патот на Гаутама Будае не споменува никакви Богови. Во подоцни концепции на будизмот се смета дека Буда е Бог, укажува дека приврзаниците може да го станат на божјо ниво, но треба и да го почитуваат Бодисатви и Вечниот Буда .

Атеизмот и негативната теологија

уреди

Апофатичката теологија е често обвинета дека е верзија на атеизам или агностицизам, бидејќи не може да каже дека навистина постои Бог. "Споредбата е сурова, конвенционалниот атеизмот го третира постоењето на Бог како предикат кој може да се негира ("Бог е непостоечки"), додека негативната теологија негира дека Бог има предикати. "Бог или Божественоста е" без да даваат атрибути за квалитетност како "Што е тој". Ова ќе биде предуслов од позитивна теологија во негативната теологија што прави разлика помеѓу теизам и атеизам. "Негативната теологија е дополнување, а не непријател на позитивната теологија". Наjпознат претставител на негативната теологиjа е византискиот теолог Григориј Палама.

Навод

уреди
    • Nielsen, Kai (2010). „Atheism“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2010-02-01. Atheism, in general, the critique and denial of metaphysical beliefs in God or spiritual beings.... Instead of saying that an atheist is someone who believes that it is false or probably false that there is a God, a more adequate characterization of atheism consists in the more complex claim that to be an atheist is to be someone who rejects belief in God for the following reasons (which reason is stressed depends on how God is being conceived)...
    • Edwards, Paul (2005) [1967]. „Atheism“. Во Donald M. Borchert (уред.). The Encyclopedia of Philosophy. Vol. 1 (2. изд.). MacMillan Reference USA (Gale). стр. 359. ISBN 0028657802. On our definition, an 'atheist' is a person who rejects belief in God, regardless of whether or not his reason for the rejection is the claim that 'God exists' expresses a false proposition. People frequently adopt an attitude of rejection toward a position for reasons other than that it is a false proposition. It is common among contemporary philosophers, and indeed it was not uncommon in earlier centuries, to reject positions on the ground that they are meaningless. Sometimes, too, a theory is rejected on such grounds as that it is sterile or redundant or capricious, and there are many other considerations which in certain contexts are generally agreed to constitute good grounds for rejecting an assertion. Укажано повеќе од еден |isbn13= и |isbn= (help)(page 175 in 1967 edition)
  1. Rowe, William L. (1998). „Atheism“. Во Edward Craig (уред.). Routledge Encyclopedia of Philosophy. Taylor & Francis. ISBN 9780415073103. Посетено на 2010-02-01. As commonly understood, atheism is the position that affirms the nonexistence of God. So an atheist is someone who disbelieves in God, whereas a theist is someone who believes in God. Another meaning of "atheism" is simply nonbelief in the existence of God, rather than positive belief in the nonexistence of God. …an atheist, in the broader sense of the term, is someone who disbelieves in every form of deity, not just the God of traditional Western theology.
  2. religioustolerance.org's short article on Definitions of the term "Atheism" Архивирано на 2 јануари 2020 г. suggests that there is no consensus on the definition of the term. Simon Blackburn summarizes the situation in The Oxford Dictionary of Philosophy: "Atheism. Either the lack of belief in a god, or the belief that there is none". Most dictionaries (see the OneLook query for "atheism") first list one of the more narrow definitions.
    • Runes, Dagobert D.(editor) (1942 edition). Dictionary of Philosophy. New Jersey: Littlefield, Adams & Co. Philosophical Library. ISBN 0064634612. Посетено на 2010-02-01. (a) the belief that there is no God; (b) Some philosophers have been called "atheistic" because they have not held to a belief in a personal God. Atheism in this sense means "not theistic". The former meaning of the term is a literal rendering. The latter meaning is a less rigorous use of the term though widely current in the history of thought Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link) – entry by Vergilius Ferm
  3. „Definitions: Atheism“. Department of Religious Studies, University of Alabama. Архивирано од изворникот на 2010-06-11. Посетено на 2010-04-23.
  4. Oxford English Dictionary, Second Edition
  5. „Merriam-Webster Online Dictionary“. Посетено на 2010-04-23.
  6. Social values, Science and Technology (PDF). Directorate General Research, European Union. 2010. p. 207. Archived(PDF) from the original on 2011-04-30. Retrieved 2011-04-09.
  7. "Gallup International Religiosity Index" (PDF). Washington Post. WIN-Gallup International. April 2015.
  8. Flew 1976, pp. 14ff: "In this interpretation an atheist becomes: not someone who positively asserts the non-existence of God; but someone who is simply not a theist. Let us, for future ready reference, introduce the labels 'positive atheist' for the former and 'negative atheist' for the latter."
  9. Martin 2006.
  10. Овој дијаграм ја покажува врската помеѓу  дефинициите слаб/силен и имплицитен/експлицитен атеизам. (Големината на дијаграмот не ја покажува релативната големината на популациите)
  11. „Atheism“. Wikipedia (англиски). 2017-07-11.