Африканска Унија

(Пренасочено од Африканската Унија)

Африканската Унија е меѓународна организација во која членуваат 55 африкански држави. Основана е на 9 јули 2002 година и е создадена од Африканската економска заедница и Организација на африканско единство.[1] Седиштето е во Адис Абеба во Етиопија.

Африканска Унија
Знаме
Химна"Let Us All Unite and Celebrate Together"
Темнозелена: земји-членки
Темнозелена: земји-членки
Темнозелена: земји-членки
Административен центарАдис Абеба, Етиопија
Работни јазици арапски
англиски
шпански
француски
португалски
свахили
Членство 55 африкански земји
Лидери
 •  Претседател Џакаја Киквете
 •  Претседател на комисија Жан Пинг
Основана
 •  како Организација на африканско единство 25 мај 1963 
 •  како Африканска Унија 9 јули 2002 
Површина
 •  Вкупна 29.922.059 км2 (1 ва1)
Население
 •  проценка за 2020 г. 1 321 000 000 
БДП (ПКМ) проценка за 2020 г.
 •  Вкупен $7,573 трилиони 
 •  По жител $5733 
БДП (номинален) проценка за 2020 г.
 •  Вкупно $2,587 трилиони 
 •  По жител $1958 
ИЧР (2019)0.548
низок
Часовен појас -1 до +4
НДД .africa
Страница
au.int
1: Ако се смета за една држава.

Африканската Унија се стреми да има една валута - афро валута. Исто така се стреми за обединување на воените сили, но и сите други институции на членките. Целта на унијата е да и помогне на демократијата на африканските држави, човековите права и економијата на африканските држави особено преку прекинување на внатрешните конфликти во Африка и создавање на единствен пазар.

Членство

уреди

Проблеми на Унијата

уреди

Африканската унија се соочува со многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со здравјето како што е на пример маларијата и сидата. Исто така се соочува и со политички проблеми како на пример судар со недемократските општества и режими и многу граѓански војни, економските проблеми како што се проблеми со зголемување на стандардот на живеење, сиромаштијата, неписменоста, еколошки проблеми и проблеми со меѓународни законски акти, а особено деколонизацијата на Западна Сахара.

Економија

уреди

Комбинацијата на африканските држави во унијата претставува 17 светска економија со БДП од 500 милијарди американски долари, и е веднаш зад Холандија. Со споредна на БДП со ППП, економијата на Африканската Унија брои 1.515 трилиони американски долари и ја рангира Унијата на 11 место веднаш зад Бразил. Во исто време, Унијата има долг од 200 милијарди американски долари.

Целите на Африканската Унија вклучуваат и создавање на единствена трговска зона, потрошувачка унија, единствен пазар, централна банка и монетарен сојуз а особено единствена валута. Плановите за валутата се да се направи единствена валута до крајот на 2023 година.[2].

Јазици на Африканската Унија

уреди

Во согласност со уставниот акт на Африканската Унија, работни јазици во рамките на Унијата се арапски јазик, англиски јазик, француски јазик и португалски јазик како и африкански јазици ако е можно користење на истите.[3] Со протокол на уставен акт на Унијата прифатен во 2003 (кој сѐ уште не на сила) се додадени шпански јазик, свахили и секој друг африкански јазик и работните шест јазици се именувани како службени јазици.[4] Во праксата, преводот на документите на Африканската Унија на било кој од службените јазици создава значителен застој и потешкотии за развој на бизнисот. Во 2001 година е создадена Африканска академија на јазици за да промовира африкански јазици помеѓу африканското население.

Географија

уреди

Членките на Африканската Унија ја покриваат речиси сета територија на Африка и неколку острови покрај бреговите на Африка. Географијата на Африка е многу разновидна, меѓу кои и најголемата пустина Сахара, големи и пространи џунгли и савани и најголемата река во светот Нил.

Африканската Унија има површина од 29,922,059 км2 со 24,165 км2 брег. Поголем дел од оваа површина се наоѓа во континентална Африка, а додека сосем мал дел отпаѓа на острови како што се Мадагаскар и некои околни острови и заедно се околу 2% од вкупната површина.

Симболи

уреди

Грбот на Африканската Унија се состои од златна лента закачен со црвени прстени и палмови листови од околу и формираат круг во кој е претставена Африка со златна боја. Црвените прстени ја претставуваат африканската солидарност и пролиената крв за слобода на Африка од колонизаторите. Палмовите листови го претставуваат мирот во Африка. Златната боја и мотиви го претставуваат богатството на Африка а додека зелената боја ги претставуваат надежта и аспирациите на африканските нации. Африка е претставена без граници како симбол на единството на државите.

Знамето на Африканската Унија е претставено со зелени хоризонтални ленти и тенки златни линии а додека во центарот се наоѓа грбот на Африканската Унија. Исто така и во знамето зелената боја ги претставува надежта и аспирациите на африканските нации а златната боја го претставува богатството на Африка. Боите ги претставуваат панафриканските бои и колорит.

Африканската Унија прифатила нова химна која се вика Let Us All Unite and Celebrate Together или „Ајде сите да се обединиме и прославуваме заедно“.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Табо Мбеки (9 јули 2002). „Launch of the African Union, 9 July 2002: Address by the chairperson of the AU, President Thabo Mbeki“. ABSA Stadium, Durban, South Africa: africa-union.org. Архивирано од изворникот на 3 мај 2009.
  2. „Profile: African Union“. BBC News. 2006-07-01. Посетено на 2006-07-10.
  3. Article 25, Constitutive Act of the African Union.
  4. Article 11, Protocol on Amendments to the Constitutive Act of the African Union