Велко Стојановски
Велко Коцев Стојановски ( 1923 во Арачиново, Скопско ― 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Велко Стојановски | ||
Роден | 1923 година Арачиново, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | април/мај, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. Веднаш по окупацијата бил активиран во ослободителното движење. Бил еден од организаторите за собирање на храна, облека, муниција и други материјали за партизаните. Освен тоа, растурал пропаганден политички материјал. Често бил ангажиран како јавка (врска), за прифаќање нови борци кон Скопска Црна Гора. Во октомври 1944 година стапил во редовите на Третата македонска ударна бригада. Бил распореден во Првата чета на Вториот баталјон. Учествуавл во акциите за уништување на балистичките банди во Тетово, Гостиварско и на Косово. Потоа заедно со Бригадата бил упатен на Сремскиот фронт, каде и загинал, во близина на Врпоље, Хрватска.[1]