Алфа Кефеј
Алфа Кефеј (α Cephei, скратено Alpha Cep, α Cep), официјално наречена Алдерамин) — ѕвезда со втора величина во соѕвездието Кефеј во близина на северниот пол . Ѕвездата е релативно блиску до Земјата на 49 светлосни години (с.г.) и се доближува со хелиоцентрична радијална брзина од околу -16км/сек.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Кефеј |
Ректасцензија | 21ч 18м [1] | 34,7715с
Деклинација | +62° 35′ [1] | 08,061″
Прив. величина (V) | 2.46[2] |
Особености | |
Спектрален тип | A8Vn[3] or A7IV-V[4] |
U−B Боен показател | +0.12[5] |
B−V Боен показател | +0.21[5] |
Променлив тип | suspected δ Штит[6] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −10[1] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +150.55[7] млс/г Дек.: 49.09[7] млс/г |
Паралакса (π) | 66.50 ± 0.11[7] млс |
Оддалеченост | 49,05 ± 0,08 сг (15,04 ± 0,02 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 1.57[8] |
Податоци [4] | |
Маса | 2,00 ± 0,15 M☉ |
Полупречник | 2,175 ± 0,046 (пол) 2,823 ± 0,097 (екватор) R☉ |
Површ. грав. (log g) | 3.99[9] |
Сјајност | 17[9] L☉ |
Температура | 8.440+430 700 (пол) 7.600 (екватор) K |
Вртење | 12,11 ± 0,26 hours |
Вртежна брзина (v sin i) | 283 ± 19 км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Номенклатура
уредиα Cephei (латинизирано во Alpha Cephei) претставува Бајерова ознака на ѕвездата. Има Флемстидова ознака 5 Кефеј.
Го носела традиционалното име Алдерамин, контракција на арапската фраза الذراع اليمين al-dhirā' al-yamīn, што значи „десната рака“. Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите[10]. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ[11]; во кој била вклучена и Алдерамин за оваа ѕвезда.
Видливост
уредиСо деклинација над 62 степени северно, Алфа Кефеј никогаш не се издигнува јужно од -27° географска ширина, што значи дека за поголемиот дел од Јужна Америка, Австралија, Јужна Африка и цел Нов Зеланд, ѕвездата останува под хоризонтот. Ѕвездата е околуполарна низ цела Европа, северна Азија, Канада и американските градови дури на југ до Сан Диего. Бидејќи Алфа Кефеј има привидна светлинска величина од околу 2,5, ѕвездата е најсветлата во соѕвездието и лесно може да се забележи со голо око, дури и во градовите кои имаат светлинско загадување.
Поларна ѕвезда
уредиАлфа Кефеј се наоѓа во близина на прецесионалната патека проследена низ небесната сфера од Северниот Пол на Земјата. Тоа значи дека периодично доаѓа на 3° од тоа да биде поларна ѕвезда[12], титула што моментално ја поседува Северница. Алфа Кефеј ќе биде следната Северница во околу 7500 година од нашата ера.[13] Северниот пол на Марс покажува кон средината на линијата што ги поврзува ѕвездата и Денеб[14].
Предходник | Поларна ѕвезда | Наследник |
---|---|---|
Јота Кефеј | околу 19.000 п.н.е | Денеб |
Својства
уредиАлдерамин е бела ѕвезда од класа А, која еволуира од главната низа во подџин, веројатно на пат да стане црвен џин бидејќи нејзиното снабдување со водород е слабо. Во просек, Алдерамин има привидна величина од 2,46.[2] Во 2007 година, паралаксата на ѕвездата била измерена на 66,50 ± 0,11 дава растојание од 15 парсеци или приближно 49 светлосни години од Земјата.[7]
Интерферометријата со низата CHARA покажува дека Алдерамин има свероидна форма, нејзината екваторијална големина е 2.82 R☉ и поларниот полупречник е 2.18 R☉. Температурата на ѕвездата исто така варира, од 8.440 К во половите до 7.600 К во екваторот.[4] Поскоро, но помалку детално мерење со Прецизниот оптички интерферометар на морнарицата дава 2.71 R☉, што веројатно одговара на екваторијалниот полупречник[16]. Како и другите ѕвезди во својата класа, таа е малку променлива со опсег на светлина од 0,06 светлинска величина и е наведена како променлива ѕвезда од типот на Делта Штит.
Алдерамин има многу голема брзина на вртење од најмалку 246 км/сек., завршувајќи една целосна револуција за помалку од 12 часа, при што се смета дека толку брзиот пресврт ја инхибира диференцијацијата на хемиските елементи кои обично се гледаат кај таквите ѕвезди. За споредба, на Сонцето му треба речиси еден месец да се сврти на својата оска.[17] Позната е и по тоа што Алфа Кефеј емитува количество Х-зрачење слично на Сонцето, што заедно со други индикатори сугерира постоење на значителна магнетна активност - нешто неочекувано (иако воопшто не е невообичаено) за брз ротатор.
Етимологија и културно значење
уредиОваа ѕвезда, заедно со Бета Кефеј (Алфирк) и Ета Кефеј (Алкидр) биле познати како ел-Кавакиб ел-Фирк (الكواكب الفرق ), што значи „Ѕвездите на јатото“ од Улугбек.[18][19]
На кинески ,天鈎, што значи Небесна кука, се однесува на астеризам кој се состои од α Кефеј, 4 Кефеј, HD 194298, Ета Кефеј, Тета Кефеј, Xi Кефеј, 26 Кефеј, Јота Кефеј и Омикрон Кефеј.[20] Следствено, кинеското име за самата Алфа Кефеј е 天鈎五 кое на македонски значи: Петтата ѕвезда на небесната кука.[21]
Во културата
уредиUSS Alderamin (AK-116) бил товарен брод од класата кратер на морнарицата на Соединетите држави, именуван по ѕвездата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „alf Cep“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 „VSX : Detail for alf Cep“. AAVSO. Посетено на 2024-08-16.
- ↑ Gray, R. O.; Corbally, C. J.; Garrison, R. F.; McFadden, M. T.; Robinson, P. E. (2003). „Contributions to the Nearby Stars (NStars) Project: Spectroscopy of Stars Earlier than M0 within 40 Parsecs: The Northern Sample. I“. The Astronomical Journal. 126 (4): 2048. arXiv:astro-ph/0308182. Bibcode:2003AJ....126.2048G. doi:10.1086/378365. S2CID 119417105.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 van Belle, G. T.; и др. (January 2006). „First Results from the CHARA Array. III. Oblateness, Rotational Velocity, and Gravity Darkening of Alderamin“. The Astrophysical Journal. 637 (1): 494–505. arXiv:astro-ph/0509827. Bibcode:2006ApJ...637..494V. doi:10.1086/498334. S2CID 6074944.
- ↑ 5,0 5,1 Mermilliod, J.-C. (1986). „Compilation of Eggen's UBV data, transformed to UBV (unpublished)“. Catalogue of Eggen's UBV Data. Bibcode:1986EgUBV........0M.
- ↑ Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007–2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 van Leeuwen, F (November 2007). „Hipparcos, the New Reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653–664. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357. S2CID 18759600. Посетено на 2010-12-19.
- ↑ Pizzolato, N.; Maggio, A.; Sciortino, S. (September 2000), „Evolution of X-ray activity of 1–3 Msun late-type stars in early post-main-sequence phases“, Astronomy and Astrophysics, 361: 614–628, Bibcode:2000A&A...361..614P
- ↑ 9,0 9,1 Malagnini, M. L.; Morossi, C. (November 1990), „Accurate absolute luminosities, effective temperatures, radii, masses and surface gravities for a selected sample of field stars“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 85 (3): 1015–1019, Bibcode:1990A&AS...85.1015M
- ↑ „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
- ↑ „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
- ↑ Kaler, James B. „ALDERAMIN (Alpha Cephei)“. Stars. University of Illinois. Архивирано од изворникот на 2018-02-08. Посетено на 2018-04-25.
- ↑ Our Monthly, 4, Presbyterian Magazine Company, 1871, стр. 53.
- ↑ Barlow, N. G. (2008). Mars: An introduction to its interior, surface and atmosphere. Cambridge University Press. стр. 21. ISBN 978-0-521-85226-5.
- ↑ „MAST: Barbara A. Mikulski Archive for Space Telescopes“. Space Telescope Science Institute. Посетено на 8 December 2021.
- ↑ Baines, Ellyn K.; Clark, James H., III; Schmitt, Henrique R.; Stone, Jordan M.; von Braun, Kaspar (2023). „33 New Stellar Angular Diameters from the NPOI, and Nearly 180 NPOI Diameters as an Ensemble“. The Astronomical Journal. 166 (6): 268. Bibcode:2023AJ....166..268B. doi:10.3847/1538-3881/ad08be.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Hoffleit; и др. (1991). „Bright Star Catalogue“. VizieR (5th Revised. изд.). Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 2010-12-20.
- ↑ Allen, R. H. (1963). Star Names: Their Lore and Meaning (Reprint. изд.). New York: Dover Publications Inc. стр. 157. ISBN 0-486-21079-0. Посетено на 2010-12-12.
- ↑ Davis Jr., G. A., "The Pronunciations, Derivations, and Meanings of a Selected List of Star Names,"Popular Astronomy, Vol. LII, No. 3, Oct. 1944, p. 16.
- ↑ (на кинески) 中國星座神話, written by 陳久金. Published by 台灣書房出版有限公司, 2005, ISBN 978-986-7332-25-7.
- ↑ (на кинески) 香港太空館 – 研究資源 – 亮星中英對照表 Архивирано на 25 октомври 2008 г., Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
Надворешни врски
уреди- Kaler, James B. „ALDERAMIN (Alpha Cephei)“. Stars. University of Illinois. Архивирано од изворникот на 2018-02-08. Посетено на 2010-12-20.
- NASA's: History of Precession
- Crystallinks: Precession of the Equinoxes