Австроунгарија

поранешна средноевропска монархија
(Пренасочено од Австроунгарско Царство)

Австроунгарија (германски: Österreich-Ungarn, унгарски: Osztrák-Magyar Monarchia) — поранешна монархија, односно позната и како Двојна Монархија, која се состоела од два дела — Цислајтанија (западниот дел) и Транслеитанија (источниот дел). Императорот на Австрија истовремено бил и крал на Унгарија. Оваа монархија постоела во периодот од 1867, кога Унгарија добила можност за автономија во рамките на империјата сè до нејзиното распаѓање во 1918 година, односно пред завршувањето на Првата светска војна, Австроунгарија била втората по големина држава во Европа, веднаш по Руската Империја и трета по население по Руската и Германско Царство. Во составот на империјата живееле Германци, Италијанци, Унгарци, Хрвати, Украинци, Бошњаци, Словенци, Срби, Руси, Романци итн.

Австроунгарско Царство
Österreich-Ungarn (герм.)
Osztrák–Magyar Monarchia (унг.)
1867–1918
Грб (1915) of Австроунгарија
Грб (1915)
Химна: Volkshymne (Боже чувај го Императорот)
Местоположба на Австроунгарското Царство во 1913
Местоположба на Австроунгарското Царство во 1913
СтатусИмперија
Главен градВиена, Будимпешта
Largest cityВиена= 1 623 538 жители Будимпешта= 1 612 902 жители
Говорени јазицигермански и многу локални јазици (пр. чешки, словенечки) во Цислејтанија
унгарски и латински во Унгарија
Вероисповед
Католици (воглавно)
УредувањеМонархија
Император 
• 1848-1916
Франц Јосиф I
• 1916-1918
Карл I
Историски периодНов империјализам, Прва светска војна
• Компромисот од 1867
29 мај 1867
• Независност на Чехословачка
28 октомври 1918
• Независност на Кралство СХС
29 октомври 1918
• Распад
31 октомври 1918
Површина
1910676.615 km2 (261,243 sq mi)
Население
• 1910
51.390.223
ВалутаГулден
Круна (од 1892)
Претходници
Наследници
Австриско Царство
Австрија
Унгарска Демократска Република
Прва Чехословачка Република
Втора Полска Република
Лемко-Руска Република
Украинска Народна Република
Западноукраинска Национална Република
Команчка Република
Кралство СХС
Кралство Србија
Банатска Република

Историја

уреди

Австроунгарија била создадена во текот на 1867 година како резултат на реформите кои биле преземени во рамките на дотогашната Австриско Царство, која од своја страна пак својата историја започнала да ја гради од 14 век. Во 1914 година, односно во Првата светска војна, влегла во составот на Централните сили заедно уште и со Германија, Турција и Бугарија.

Во текот на Првата светска војна Австроунгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австроунгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси напредувајки во Русија.Подоцна кога и Кралството Италија влегло во војната на страна на Антантата, Австроунгарија забележала големи успеси и на италијанскиот фронт, поточно на битките кај реката Соча. Најголема победа Австроунгарската војска извојувала во Битката кај Капорето. Италијанците доживеале катастрофален пораз и биле приморани да се повлекуваат неколку километри, а Австроунгарците се доближиле опасно близу до Венеција.

Императори

уреди

На врвот на Австроунгарија стоел австрискиот император кој бил и унгарски крал. Тој се служел и со други титули, како крал на Бохемија, или крал на Чешка). Хабсбургците се основната династија која владеела со империјата:

Распаѓање на империјата

уреди
 
Прогласување на независноста на Чехословачка во Прага, 28 октомври 1918

Истовремено, со поразот во војната, Австроунгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главната причина се гледа во стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со кое повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австроунгарија.

Предлошка:Унгарија-ист-никулец Предлошка:Словачка-ист-никулец

Предлошка:Словенија-ист-никулец Предлошка:Чешка-ист-никулец