Ѓолбаш

(Пренасочено од Ѓол Баш)

Ѓолбаш или Ѓол Оваси (грчки: Πικρολίμνη, Пикролимни, до 1926 Γκιόλ Όμπαση, Ѓол Оваси)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Ѓолбаш
Πικρολίμνη
Ѓолбаш is located in Грција
Ѓолбаш
Ѓолбаш
Местоположба во областа
Ѓолбаш во рамките на Кукуш (општина)
Ѓолбаш
Местоположба на Ѓолбаш во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°51′N 22°48′E / 40.850° СГШ; 22.800° ИГД / 40.850; 22.800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно165
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 17 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на 2 километри од Горчливото Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 90 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ѓолбаш се состоело од 42 семејства и 197 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ѓолбаш имало 180 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 144 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Според Милоевиќ во селото имало 20 семејни куќи[7].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Пикролимни.[8]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 156 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 258 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 249 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 211 жители, во 1971 година имало 152 жители, во 1981 година имало 174 жители, додека во 1991 година имало 150 жители. Денеска, населението на селото е 165 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 258 249 211 152 174 150 165
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението се занимава со земјоделство.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението од 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.