Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Средното општинско училиште Гимназијата „Мирче Ацев“ се наоѓа во Прилеп, општина - Прилеп.
Гимназија „Мирче Ацев“ | |
Училишната зграда | |
Место | |
Општина: | Прилеп |
Место: | Прилеп |
Адреса: | Ул. „Ѓорче Петров“ бр. 96А |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Директор: | Весна Михаиловска |
Број на ученици: | 730 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | [http://gimprilep.edu.mk gimprilep.edu.mk] |
Eкономскиот развоj во Македонија, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазија... Тоа има одраз и врз развојот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта не можат да ги задоволат потребите на граѓанството. Занаетчиството и тpговиjaта бараат учени луге, кои ги познаваат предметите од световен карактер, па така во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 - 1865 год. во основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс на основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe.
Во 1865 год. во Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.
Подоцна класното училиште сведено е на двокласно. Учители во училиштето биле Никола Ганчев, Јосиф Ковачев и Кузман Шапкарев.За напредокот во прилепското училиште придонес има штипскиот педагог, учителот Јосиф Ковачев. Toj изврши реформи во наставната програма уште во учебната 1874/75 година и предложил отворање на четврти клас.
По силните залагања на Прилепската општина, во учебната 1882/83г. машкото двокласно училиште во Прилеп, подигнато е на трикласно, a во учeбната 1883/84 год. решено е да се отвори четврти клac, односно да стане полнокласно. Истовремено Прилепската општина донесе решение класното училиште да се преименува во Гимназија, a женското да се вика средно училиште. Отпечатени се и празни свидетелства co натпис "Прилепска Гимназија". Четвртиот клас отворен е во учебната 1886/87 год. но трае само една година. Прилепската Гимназија остана со три класа до крајот на турската власт во Македонија - 1912 год.
Училишните потреби наложуваат да ce подигне зграда за Гимназија во Прилеп. Во дворот на црквата "Св. Благовештение" ставени се темелите на големата и убава зграда на Гимназијата во 1893 год, a доградена е во 1894 година. Таа е градена од страна на граѓаните на Прилеп, со нивна материјална и парична помош. За изградбата на гимназиската зграда, Аџи Мирче Бомбол дал 500 турски златни лири, Ице Фукара дал 300 турски златни лири, а околу 500 турски златни лири собрани се од прилепските еснафи и граѓани.
Во Првата светска војна во периодот од 1915 до 1918 год. згасна работата на прилепската Гимназија, а училишната зграда пренаменета е во болничка амбуланта. По војната во 1918 година продолжува работата на Гимназијата со истиот директор од пред војната -Александар Мариќ-професор од Србија, и во истиот објект. Именувана e како "Српска краљевинска гимназија". Гимназијата ја врши својата дејност до 24 август 1929 година кога, со указ на кралот на СХС, Гимназијата е затворена.
Прилеп остана без Гимназија се до 1936 година кога во градот е отворена Виша самоуправна Гимназија (само до петти клас) која во учебната 1939/40 година станува осмокласна. Вишата самоуправна Гимназија во 1936 година сместена е во зградата на дотогашното основно училиште (денешното основно училиште "Кочо Рацин") која е изградена во 1926 година.
Пролетта 1941 година, се разгорува Втората светска војна и на македонските простори. Во Прилеп доаѓа бугарска војска и административен апарат. Новата власт ја продолжува работата на прилепската Гимназија, но под ново име „Цар Самуил“, се до пролетта 1944 год.
Формирање и развој
уредиПо предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ, на своето заседание одржано на 03.11.1944 година во с.Горно Врановци, донесе решение на територијата на Вардарскиот дел на Македонија да се отворат 9 гимназии. Една од нив била и прилепската гимназија.
Гимназијата со работа започнала на 30 јануари 1945 год. кога се одржал првиот наставнички совет под раководство на првиот директор по ослободувањето, Стеван Шапчески - професор. Советот решил за име на Гимназијата да се предложат имињата Мирче Ацев и Пере Тошев, а од Народнослободителниот одбор прифатен бил предлогот Гимназијата да го носи името на нашиот сограѓанин Мирче Ацев- народен херој. На 1 февруари 1945 год. започнува да се изведува наставата во старата училишна зграда на сегашното основно училиште „Кочо Рацин“.
Во првата учебна година Гимназијата започнала да работи како Полна гимназија (I-VIII) клас, а наставата се изведувала според наставен план и програма на мајчин - македонски јазик. Поради зголемениот број на запишани ученици во наредните учебни години се почуствувало недостиг на училиштен простор, така што во април 1947 година, започнала изградбата на нова гимназиска зграда во „Тризла Маало“ наспроти „Тутунски Комбинат“ и за две години, поточно во второто полугодие од учебната 1949/50 година Полната Гимназија „Мирче Ацев“ била преместена во новата зграда - каде што и денес се наоѓа, со 31 просторија за изведување на настава, фискултурна сала, спортски игралишта, канцелариски и други простории.
Во учебната 1953/54 година настанале нови организационо-структурални промени во гимназијата, така што останале само вишите класови, а нижите и прогимназиите се слеани во основните осумгодишни училишта. Името Виша Гимназија го носела до учебната 1957/58 година, за потоа да стане 4 класно училиште за општо образование - гимназија.
Во 1959 година било извршено измена на наставните планови и програма од страна на Советот за просвета на НРМ. Со тие промени Гимназијата на младинците од 15-19 години им давала сигурни, широко стручни и научни знаења од областа на јазикот и литературата, другите општествени науки, од техниката и културата и др., со цел да ги подготви учениците со предзнаења за да можат успешно да ја следат наставата на Универзитет. Со цел да се изврши благовремена професионална ориентација на младите луѓе-гимназијалци, била воведена нова организација во наставата, односно реформирана четврто-класна Гимназија (I, II, III и IV клас) поделена во две насоки: општествено-јазична и природно-математичка.
Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната 1983/84 година се трансформирала во Училишен центар за општествено-техничка и медицинска насока, со 920 ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ сместеми во 29 парарелки и 58 вработени и Медицинско училиште со 350 ученици во 10 паралелки и 17 вработени. Тогаш уписот за прва година се вршел по изборна програма, според следните струки и занимања:
- просветна струка - соработник во воспитно образовна дејност,
- културолошка струка - културолошки техничар,
- математичко-информатичка струка - информатички техничар,
- градежна струка - хидроградежен техничар,
- здравствена струка - акушерка, педијатриска сестра, медицинска сестра, лаборантски техничар,
- биотехничка струка- битехничар.
Воведувањето на новиот концепт на насочено образование и неговите промени во наредните години, веројатно не ги даде очекуваните резултати, така што во 1993 година Училишниот центар за општествено-техничка и медицинска насока „Мирче Ацев“, преминува во Гимназија „Мирче Ацев“ со паралелки за општа и природно-математичка гимназија, во согласност со промената на Законот за насочено образование.
Од учебната 2001/2002 год. во Гимназија „Мирче Ацев“ се применува новиот Наставен план за гимназиско образование што е донесен на ниво на Република Македонија.
Наставен план за гимназиско образование
уредиНаставниот план е структуиран од 3 организациско-содржински компоненти:
- задолжителни предмети
- изборни предмети
- проектни активности
Во прва година не постојат изборни програми, што значи наставата во прва година е иста за сите ученици во гимназиското образование.
Во втора година ученикот избира еден предмет од листата на изборни предмети:
- Информатичка технологија [2]
- Латински јазик
- Елементарна алгебра и геометрија
- Елементарна алгебра
- Етика
Во трета година ученикот се определува за едно од следните изборни подрачја:
- Природно-математичко подрачје - комбинација А Архивирано на 11 јуни 2012 г.
- Природно-математичко подрачје - комбинација Б Архивирано на 11 јуни 2012 г.
- Јазично-уметничко подрачје - комбинација А Архивирано на 11 јуни 2012 г.
- Јазично-уметничко подрачје - комбинација Б Архивирано на 11 јуни 2012 г.
- Општествено-хуманистичко подрачје - комбинација А Архивирано на 11 јуни 2012 г.
- Општествено-хуманистичко подрачје - комбинација Б Архивирано на 11 јуни 2012 г.
За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни премети Архивирано на 11 јуни 2012 г. врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплина, со што на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветни студии.
Проектните активности се посебно подрачје во Наставниот план чија што функција е задоволување на индивидуалните интереси и желби на ученикот во одделни области, односно да се поттикне креативноста на учениците, со цел да дојдат до израз нивните афинитети и индивидуални способности. Поради својата специфичност, тие се разликуваат од наставните предмети и затоа се реализираат во рамките на годишниот фонд на часови (70 часа годишно). Во Гимназијата застапени се следните проектни активности: Иновации и претприемништво, Мир, толеранција и заштита, Урбана култура, Литературен клуб, Драма и драмска секција, Училишен весник, Дебатен клуб, Активности од областа на музиката (хор, оркестар), Ликовно творечки активности, Спортски активности, Природни науки -физика, хемија, биологија, математика, информатика, географија.
Фотографии од Гимназијата
уреди-
Главниот влезен ходник
-
Еден од ходниците во училиштето
-
Витрина со дел од наградите освоени од учениците од гимназијата и уникатни наградени прочкарски маски
-
Училница
-
Училница со проекти на учениците
-
Училниците, со поглед кон таблата
-
Сала за трибини, промоции и презентации
-
Кариерниот центар во Гимназијата
-
Кариерниот центар во Гимназијата
-
Фитнес салата во Гимназијата
-
Справите во фитнес салата во Гимназијата
-
Тегови и справи во Фитнес салата
Учество на натпревари и освоени награди
уредиСекоја година учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ учествуваат на многубројни регионални, државни и меѓународни натпревари од различни области и секогаш постигнуваат успеси со освоени, први, втори и трети места. Во учебната 2011/2012 година се постигнати следните успеси:
- Теодора Кочоска – III место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника” по физика и I место (златен медал) на МАКИНОВА 2012 (младинско творештво) – ментор: Ана Велјаноска.
- Андреј Богатиноски – II место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника”по астрономија - ментор: Ана Велјаноска
- Данче Недеска – I место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника” по математика – ментор: Игор Димовски
- Стефан Николоски – II место на државен натпревар по математика - ментор: Јорданка Чешелкоска
- Мимоза Насеска – I место на државен натпревар по астрономија - ментор: Кирил Јосифоски
- Михаела Ангелеска – II место на државен натпревар за млади истражувачи д Р.М организиран од “Народна техника” по хемија - ментор: Блаже Димески
- Антониј Мијоски
- - I место на државен натпревар по математика - ментор: Маријана Спиркоска
- - III место на државен натпревар по информатика -ментор: Анкица Стеваноска Јанческа
- - III место на Македонска математичка олимпијада - ментор: Маријана Спиркоска
- Теодора Јагуриноска – III место на натпревар за најдобар есеј – “Зошто е кул да си стар” – ментор : Ленка Јованоска
- Мартин Николовски – I место на државен натпревар во шах организиран од Федерацијата за училишен спорт на Р.М. –ментори: Бранко Дисоски и Гоце Ѓорѓиоски
- Ангела Стојаноска – I место во стрелаштво (државно првенство – средни училишта) –ментор: Даниел Василески
- Мишела Димоска – I место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
- Маријана Димоска - II место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
- Марија Зероска - III место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
- Бојан Димески – II место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
- I место по прва на медицнската помош на државниот натпревар во Велес освои екипата во состав : Ивона Јованоска (капитен), Антонио Филипоски, Теодора Попорданоска, Јане Џумеркоски, Симона Трајческа, Марија Јованоска, Андреј Габроски и Јован Белакапоски –ментор: Гоце Ѓорѓиоски
- II место на екипата во футсал на Гимназијада – Прилеп 2012 г. составен од: Јорданчо Наумоски, Лоренцо Николоски, Марко Спиркоски, Дејан Златески, Андреј Хаџи – Попоски, Бојан Стојкоски, Стефан Иваноски, Андреј Тодороски, Дарко Ѓорѓиоски, Горан Здравески. –ментор: Бранко Дисоски
Познати личности кои предавале во прилепската гимназија
уреди- Пере Тошев
- Даме Груев
- Емануел Чучков - Директор на Гимназијата 1942-1943 год.
- Круме Кепески
- Димитар Стојанов - Мире
- Цветан Беличански
- Борис Талески
- Панде Караџоска
- Ѓорѓи Елим
- Борис Наумоски
- Рампо Ачески
- Васка Илиоска
- Милан Бартипан
- Галина Лубјани
- Гојко Друловиќ
- Блаже Димески
Познати личности кои учеле во прилепската гимназија
уреди- Борче Јовчески - Актуелен градоначалник на Прилеп
- Илија Јованоски - Поранешен градоначалник на Прилеп
- Марјан Ристески - Поранешен градоначалник на Прилеп
- Миле Јанакиески - Поранешен министер за транспорт и врски
- Блаже Конески
- Круме Кепески
- Мирче Ацев
- Кузман Јосифоски - Питу
- Јордан Грабулоски
- Илија Милчин
- Коле Чашуле
- Благоја Корубин
- Крсте Црвенковски
- Рампо Левков - Левката
- Борка Талески
- Илија Николовски-Луј
- Кирил Ристоски
- Димитар Гешоски
- Нада Гешоска- Актерка
- Димитар Станкоски - Режисер
- Кире Гаврилоски
- Добре Јованоски
- Јордан Михајлоски
- Александар Ежов
- Методија Симоновски
- Миле Попоски
- Димитар Димески
- Петар Башески
- Александар Ношпал
- Илија Андонов Ченто
- Илија Џувалековски
- Марин Бабиќ
- Захаринка Вртаноска
- Благоја Спиркоски - Џумерко
- Властимир Николовски
- Кристијан Габроски - Ристо Бомбата
- Роберто Беличанец
- Даниел Мелвил
- Горјан Петрески
- Жарко Башески
- Огнен Јанески - тв водител
Наводи
уреди- ↑ „Гимназиското образование во Прилеп“. Архивирано од изворникот на 2014-05-07. Посетено на 2013-03-22.
- ↑ Наставна програма за информатичка технологија. bro.gov.mk Архивирано на 26 ноември 2013 г.
Надворешни врски
уреди- Веб страна на училиштето, gimprilep.edu.mk
- Портал на основни и средни училишта во Република Македонија, schools.edu.mk Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјална веб страна на Министерството за образование и наука, mon.gov.mk