Александар Ежов
Александар Ежов (Прилеп, 18 ноември 1928 - Скопје, 17 ноември 2014) — македонски книжевен критичар.
Александар Ежов | |
---|---|
Роден/а | 18 ноември 1928 Прилеп, Македонија |
Починат/а | 17 ноември 2014 Скопје, Македонија |
Занимање | Писател |
Животопис
уредиАлександар Ежов е роден во Прилеп на 18 ноември 1928 година. Работел како уредник во Издавачката организација „Македонска книга“ во Скопје. Член на ДПМ од 1958 година.[1] Автор на голем број критичко-есеистички прилози објавувани на страниците од повеќе весници и списанија, како и на предговори и поговори во одделни книги. Починал во Скопје по долго боледување на 17 ноември 2014 година.[2] Бил уредник на „Македонска книга“, како и на списанието „Современост“.
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 89.
- ↑ Почина писателот Александар Ежов[мртва врска]
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |