Добре Јованоски
Добре Јованоски (Прилеп, 1915 - Дабница, 1942) − македонски комунист и учесник во НОВ.
Бил роден во 1915 година во Прилеп. По занимање бил дипломиран правник. Во антифашистичкото движење работел од 1938 година. Пред војнатa станал член на КПЈ. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кај месноста Завоj, на патот Прилеп – Дабница.
Во негова чест едно основно учичиште во Прилеп го носи неговото име.