Вселенска и високоатмосферска комисија за истражување
Вселенската и високоатмосферската комисија за истражување или популарно нарекувана Пакистанска вселенска агенција (урду: سپارکو / SUPARCO) пакистанска владина вселенска агенција која е одговорна за пакистанскиот вселенсака програма. Формирана е во септември 1961 година по наредба на тогашниот претседател Ајуб Кан, а по совет на професорот д-р Абдус Салам, кој е нобелов лауерат[1].
Логото на SUPARCO | |
Сопственик | Пакистан |
---|---|
Основана | Септември 1961 |
Главен штаб | Исламабад |
Вселенска станица | Сонмиани |
Управник | Раза Хусаин |
Буџет | PKR 350 милиони |
SUPARCO е автономна истражувачка и развојна организација под владата на пакистан. Главниот штаб е сместен во Исламабад, додека главната развојна станица е во вселенскиот центар Сомниани. Агенцијата исто така има и канцеларии во Лахор и во Карачи (како инженерски инсталации).
Пакистански сателити
уредиИме | Лансиран | Прекинат | Намена |
---|---|---|---|
Rehbar-1 | 7 јуни 1962 | Истражување на јоносферата | |
Rehbar-2 | 9 јуни 1962 | Истражување на јоносферата | |
BADR I | јануари 1986 | 1987 | Експериментален комуникациски сателит |
BADR B | 10 декември 2001 | Сè уште во употреба | Комуникациски сателит |
PAKSAT-1 (порано Palapa C1) | 20 декември 2002 | Сè уште во употреба | комуникациски сателит |
PAKSAT-IR | Во раџвој |
Интернационална соработка
уредиВо Мај, 2007, Кина (како стратешки партнер) се согласи и даде позитивен сигнал за соработка со пакистанската агенција. Билатералниот договор вклучива соработка на полето на вселената, науката и технологијата. Потоа вклучува соработка и на полињата како клима и енергија. Во Август, 2006 Кина почна соработка со пакистан за лансирање на три зејени сателити во следните 5 гоидини.[2]
Белешки
уреди- ↑ „History of SUPARCO“. Архивирано од изворникот на 2008-04-17. Посетено на 2008-04-28.
- ↑ „Asia Times Online :: South Asia news - China, Pakistan cooperate in space“. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 2008-04-28.
Надворешни врски
уреди- Официјалната страна на SUPARCO Архивирано на 30 јули 2020 г.
- FAS report on SUPARCO Архивирано на 24 октомври 2012 г.
- Astronautix