Тринидад и Тобаго

(Пренасочено од Republic of Trinidad and Tobago)

Тринидад и Тобаго (англиски: Trinidad and Tobago) или официјално Република Тринидад и Тобаго (Republic of Trinidad and Tobago), а многу ретко Тринидад-Тобаго[4], — независна островска држава во Средна Америка, дел од јужните Карипски Острови. Тринидад и Тобаго е најјужниот островски архипелаг[5] во Карипското Море каде јужно се наоѓа јужноамериканската држава Венецуела додека северно се наоѓа Гренада.[6][7] Островите Тринидад и Тобаго се опколени од две големи водни површини, односно источно е Атлантскиот Океан, додека западно е Карипското Море. Главен град на Тринидад и Тобаго е Порт од Спеин и службен јазик во државата е англискиот јазик.

Република Тринидад и Тобаго
Republic of Trinidad and Tobago
Знаме Грб
Гесло"Together we aspire, together we achieve"
ХимнаForged from the Love of Liberty

Местоположба на Тринидад и Тобаго
Главен градПорт оф Спејн
10°40′N 61°31′W / 10.667° СГШ; 61.517° ЗГД / 10.667; -61.517
Најголем град Сан Фернандо[1]
Службен јазик англиски
Народности  Африканци, староседелци, Венецуелци, Шпанци, Португалци, Кинези, Либанци, Сиријци, Италијанци.
Демоним Тринидаѓанец, Тонагоец
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Џорџ Максвел Ричардс
 •  Премиер Патрик Менинг
Незавосност
 •  од Обединетото Кралство 31 август 1962 
Површина
 •  Вкупна 5,128 км2 (172-ра)
 •  Вода (%) н/п
Население
 •  проценка за јули 2005 г. 1,305,000 (152-ра)
 •  Густина 207.8 жит/км2 (47-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $27.038 милијарди[2] 
 •  По жител $20,723[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $24.806 милијарди[2] 
 •  По жител $19,012[2] 
ИЧР (2013) 0.766[3]
висок · 64та
Валута Долар (TTD)
Часовен појас (UTC-4)
Се вози на лево
НДД .tt
Повик. бр. +1-868

Вкупната површина на оваа средноамериканска држава е 5.128 км2[8] каде живее население од 1.299.953 жители. Државата е составена од неколку острови, меѓу кои главни се Тобаго и Тринидад. Најголем остров во државата е Тринидад, кој воедно е и најнаселен остров, за разлика од Тобаго кој зазема само 6% од вкупната површина на земјата и живее само 4% од населението на тај остров.

Тринидад и Тобаго биле шпанска колонија од доаѓањето на Кристофер Колумбо па сè до 1802 година кога власта ја презела Велика Британија. Тринидад и Тобаго својата независност ја стекнале во 1962 година. За разлика од останатите англофонски карипско држави, индустријата на Тринидад и Тобаго се заснова на индустриското производство[9] со значително производство на петролеум.

Потекло на поимот

уреди

Историчарот Е. Л. Џозеф тврди дека првичното име на Тринидад било „лере“, кој пак потекнува од староседелскиот назив за колибри односно ierèttê или yerettê. Со доаѓањето на шпанските истражувачи, Кристофер Колумбо го именувал островот како „Остров на Светото Тројство“ ("La Ysla de la Trinidad")[10]. Името на Тобаго најверојатно е добиено по формата на островот, односно шпанските истражувачи забележале дека островот има форма на цигара и така е добиено името со одредени варијации како cabaco, tavaco или tobacco. Кристофер Колумбо за првпат го забележал островот од дистанца и веднаш го именувал како „Bellaforma“.

Историја

уреди

Географија и клима

уреди
 
Карта на ТиТ.

Тринидад и Тобаго се најјужните острови на Антилите кои се наоѓаат помеѓу Гренада на север и Венецуела на југ. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Окран, додека западно се наоѓа Карипското Море. Тринидад и Тобаго има вкупна површина од 5.128 км2 и е составена од неколку острови, меѓу кои најголеми и главни се Тобаго и Тринидад. Островот Тринидад зазема околу 4.768 км2 или 93% од целокупната површина на земјата. Од друга страна пак, Тобаго има површина од 300 км2 и зазема 5.8% од површината. Остатокот припаѓа на помали околни островчиња.

Островите се мешавина на планини и рамници. Највисока точна во државата изнесува 940 метри надморска височина. Климата на Тринидад и Тобаго е тропска и има две сезони: сува сезона која всушност се првите шест месеци од годината и дождлива сезона кои се вторите шест месеци. За разлика од останатите Карипски Острови, Тринидад и Тобаго не се зафатени од честите урагани и невремиња.

Тринидад е дом на три главни центри, Порт оф Спејн, Сан Фернандо и Чагуанас. Главен центар на Тобаго е Скарборо. Главен град на државата е Порт оф Спејн и вкупното население на Тринидад и Тобаго е 1,3 милиони жители.

Политички систем

уреди
 
Региони на Тринидад и Тобаго.

Тринидад и Тобаго е република со двопартиски систем на владеење и со дводомен парламент. Шеф на државата е претседателот кој моментално на таа функција е Џорџ Максвел Ричардс. На чело на владата на Тринидад и Тобаго е премиерот, моментално на таа функција е Патрик Манинг. Претседателот е избран од страна на пратениците, додека премиерот е избран преку парламентарни избори за мандат од пет години.

Тобаго има свои избори кои се различно од општите парламентарни избори. Тука се избираат пратеници за Собранието на Тобаго. Собранието на Тринидад и Тобаго е дводомно и е составено од сенат со 31 пратеничко место и од претставнички дом кој е составен од 41 пратеничко место.

Административна поделба

уреди

Тринидад и Тобаго е поделен на региони или корпорации и општини. Тобаго е управуван од Собранието на Тобаго.

Региони на Тринидад и Тобаго  
Знаме Регион Површина
(км2)
Население Густина на население
(/км2)
Урбан центар
Регион Порт оф Спејн 13.45 49.031 3.650 Порт оф Спејн
Регион Сан Фернандо 18.64 55.419 2.970 Сан Фернандо, Марабела
Регион Чагуанас 59.65 67.433 1.130 Чагуанас, Кунупија, Фелисити
Регион Арима 11.15 32.278 2.890 Арима
Регион Поинт Фортин 23.88 19.056 800 Поинт Фортин, Гвапо
Кува-Табаките-Талпаро 719.64 162.779 230 Клакстон Беј, Кува, Поинт Лисас, Сент Мери, Табаките, Талпаро
Диего Мартин 127.53 105.720 830 Каранеџ, Диего Мартин, Маравал, Вестмурингс
Пенал Дебе 246.91 83.609 340 Пенал, Дебе
Принсес Таун 621.35 91.947 150 Моруга, Принсес Таун
Рио Кларо-Мајаро 852.81 33.480 40 Мајаро, Рио Кларо, Гвајагвајаре
Сан Хуан-Лавентил 220.39 157.295 710 Баратарија, Лавентил, Морвант, Сент Џозеф, Сан Хуан
Сангре Гранде 898.94 64.343 70 Гваико, Сангре Гранде, Токо, Валенсија
Сипарија 510.48 81.917 160 Седрос, Физабад, Ла Бреа, Санта Флора, Сипарија
Тунапуна-Пијарко 527.23 203.975 370 Арука, Сурепе, Пијарко, Сент Огустин, Тринсити, Тунапуна

Население, јазик и религија

уреди
Религија во Тринидад и Тобаго
религија проценти
христијанство
  
43,6 %
хиндуизам
  
22,5 %
други
  
10,8 %
ислам
  
5,8 %
нема
  
1,9 %
неопределени
  
1,4 %
јудаизам
  
0,1 %

Единствениот службен јазик во државата е англискиот јазик. Сепак, најмногу зборувани јазици во државата се локални варијанти на англискиот наречени тринидадски англиски и тобагоски креолски јазик во кои се изразуваат шпански, индиски, африкански и европски примеси.

Тринидад и Тобаго е дом на поголем број религиски заедници. Најголема религиска заедноца е христијанството со 43.6 % од вкупното население, па потоа следат хиндуизам со 22.5% и останати помали заедници.

Според проценката од 2005 година Тринидад и Тобаго има население од околу 1,3 милиони жители, од кои 96% живее на островот Тринидад, додека само 4% живеат на Тобаго. Населението е со различна етничка и расна припадност што е директна последица од историјата на државата. Двете најголеми етнички заедници во Тринидад и Тобаго се Индијците и Африканците кои пак сочинуваат околу 80% од населението. Остатокот од населението се европски или азиски доселеници и локални староседелци.

Стопанство

уреди
 
Порт оф Спејн, економски центар.

Економијата на Тринидад и Тобаго е под силно влијание на индустриското производство на петролеум. Туризмот и производството се исто така главни стопански гранки. Туристичкиот сектор е во пораст, иако не е на тоа туристичко ниво како останатите Карипски Острови. Покрај индустриското производство, во државата е присутно и земјоделството каде се одгледува какао, цитрон и останати тропски култури.

Во скоро време во државата се инвестира и во производство и трговија со гас и челик. Нафтата и гасот сочинуваат околу 40% од БНП и 80% од извозот, но само 50% од вработеното население на државата. Државата е регионален финансиски центар[11]

Култура

уреди
 
Парада во ТиТ.

Тринидад и Тобаго е родно место на музичкиот правец калипсо и инструментот стилпан, за кој во Тринидад и Тобаго се тврди дека тој е единствениот музички инструмен измислен во XX век.[12] Големата шареноликост на Тринидад и Тобаго во поглед на етничката и расната припадност овозможува одржување на голем број фестивали и церемонии низ текот на целата година.

Наводи

уреди
  1. Trinidad and Tobago -- Britannica Online Encyclopedia at www.britannica.com
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Trinidad and Tobago“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. Правопис на македонскиот јазик, стр. 168, Просветно Дело, Скопје, 2007
  5. Archipelagic Waters and Exclusive Economic Zone Act No 24 of 1986
  6. „Treaty between the Republic of Trinidad and Tobago and the Republic of Venezuela on the delimitation of marine and submarine areas, 18 април 1990“ (PDF). The United Nations. Посетено на 2009-04-13.
  7. „The 1990 Accord Replaces the 1942 Paris Treaty“. Trinidad and Tobago News. Посетено на 2009-04-13.
  8. „Background note Trinidad and Tobago“. US Department of State. Посетено на August 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. „Trinidad and Tobago Country brief“. The World Bank. Архивирано од изворникот на 2007-01-12. Посетено на September 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. Hart, Marie. (1965). The New Trinidad and Tobago, p. 13. Collins. London and Glasgow. Reprint 1972.
  11. U.S. State Department
  12. 20th Century Percussion

Поврзано

уреди

Додатни информации

уреди
  • Besson, Gérard & Brereton, Bridget. The Book of Trinidad (2nd edition, 1992), Port of Spain: Paria Publishing Co. Ltd.; ISBN 976-8054-36-0.
  • Besson, Gerard. Land of Beginnings - A historical digest, Newsday Newspaper, 27 август 2000.
  • Boomert, Arie. Trinidad, Tobago and the Lower Orinoco Interaction Sphere: An archaeological/ethnohistorical study. Alkmaar: Cairi Publications, 2000.
  • Lans C: Creole Remedies of Trinidad and Tobago.
  • Mendes, John. Cote ce Cote la: Trinidad & Tobago Dictionary. Arima, Trinidad. 1986
  • Saith, Radhica and Lyndersay, Mark. Why Not a Woman? Port of Spain: Paria Publishing Co. Ltd. ISBN 976-8054-42-5; 1993

Надворешни врски

уреди